Лук давате во прав или свеж? И дали сеуште можат да се најдат дуњи? Ќе почнувам со воведување месо, па се мислам кој зеленчук најмногу има ц витамин да го комбинирам. Знам за пиперката ама сега нема убави, брокула, а гледам и дуњата дека ја комбинираат со месо. Не ми се става овошје во месо
Па да, богата е со ц. Таман мислев го фатив редот, сега се испобунив пак. Гледам од бебе готвач и од табелата од Којич и ептен се различни. Се изгубив со воведувањето
Зошто се изгуби, од кај сеа? Ти доста работи имаш воведено, ич не ми изгледа дека си изгубена. Јас ги воведов сите работи за 6 месеци што ми го даде листот Марина, плус сега телешково денес. Планирам да продолжам со зеленчукот што го пишува во нејзината листа за 7 месеци и плус боранија и грашок, а и глутен. Од овошје вишни ќе воведам според Бебе готвач.
@0ли јас почнав директно со класична порција со месо.Компир,морков,пашканат и телешко. Ова за пробување од водичка овде го прочитав,но се водев по препораки од педијатар. @Jana06 капни малку сок од портокал во месната каша,не се плаши за можна иритација од цитрусни,не се осеќа вкусот воопшто.
Добро е, веќе дадов нешто слично како твоето, само наместо пашканат, брокула ставив. Дадов 10 гр месо како за прв ден, а од водата ставив во кашата за блендирање Се удави од јадење, не можеше да дочека лажичка во уста А да прашам, колку е тоа малку сок од портокал?
На здравје нека му е на господинот Буквално капка-две сок,едно нежно стискање на портокалчето. Иначе,мојава откако проба месо,не прифаќа(или шо би рекол маж ми-акцептира)ручек само од зеленчук.Абе го мириса мевцето изгледа,не ни отвара уста ако нема. Ставај и по малце кромидче,ептен го надополнува вкусот,права манџичка е,не безлична каша
Ставив и кромидче, манџиче убаво излезе, па и додека се вареше сè, многу убаво замириса дома. Ама и месово го пробав, убаво било бе ептен Не му давам на мм да проба, ќе го преакцептира, па ќе бара телешки бифтек и за нас
Грашок, компир, леќа, зелка, боранија ја правам со зеленчук како за нас што би ја правела,само без запржување со зејтин и без брашно и црвен пипер. Се варено Сега после година ставам и по малце зачини и сол. Ќе го притиснам зеленчукот со вилушка колку да не е големо парче и му давам си јаде. Некогаш со леб ,некогаш без. Лук свеж давам А ова со витамин ц не сум се опроварувала,па фала богу добар му е хгб.
1000 денари е, можеш да ја порачаш од нивната страна на фб. Доставата е бесплатна. Иначе да, вреди да се купи. Рецептите се едноставни и има доста идеи за комбинации. За мене најмногу од помош се табелите за исхрана. Следејќи ги нив, секогаш ќе можеш да видиш која намирница од кој месец може да се дава. Има и доста убави совети и одговор на многу дилеми коишто секоја нова мајка ги има. Јас сум секогаш повеќе за тоа да се испочитува нечиј труд и со тоа да се поддржи креирањето на слични дела на македонски јазик.
Лук свеж давам. Можеш и праз за вкус. Ама заборавив колку е голем бебушот. Од овошје само патлиџан мешам со месо.
7 месеци е. Сакав и јас праз да воведам деновиве, го пишува и во табелата на бебе готвач ама тука прочитав дека бил тежок за варење за бебе (јас не јадам, па не знам). Сакам лук да воведам за да му давам со леќа и тоа скоро ќе воведам, јас обожавам лук во леќа. @0ли Си имав се точно во глава што и како ама кога гледаш во 2 табели плус форум каша попара настанува Утре ќе донесат свежо телешко во Веро, па ќе му дадам и сега не знам колку треба да му давам неделно, кога пилешко, кога мисиркино... Инаку, скоро истото го имаме воведено само јас воведов глутен, целер, вишни и блитва плус. Морам да одам по една табела, секако таа на Којич ми е чудна многу брзо се воведуваат. @dunika Помислив и јас на портокал ама си викам да не ризикувам. Ќе пробам, секако им е сезона.
@Jana06 i @0ли - вие по кои табели се водите? Јас имам неколку симнати од тука но некои намирници гледам се даваат во различен период.
Јас се водам по листата што ми ја даде педијатар од Ремедика и плус по некој совет ми дава друг педијатар, а ја имам и книгата Бебе готвач. Не е по една табела, но имам некој план во глава
И јас се водам по Којич, бебе готвач и тука што ќе прочитам Да, на Којич табелата е многу напредна, нема шанси уште сега риба да дадам. Ама имам една другарка во Англија 20дена ни се разлика бебињата и скоро исти се советите таму со табелата на Којич. Плус докторката мене ми кажа да воведам житарки ама сепак да не давам житарки со секој оброк.
А еве кога не даваш житарки, што даваш? Мене тие житарките ме бунат, јас не сум фан ама знам дека дете треба да јаде. @lavinija28 И јас се водам по истиот педијатар како Оли ама листата е како Бебе готвач, со тоа што не препорачува да се воведуваат намирници кои не се типични за нашето поднебје. За доручек овошје, за ручек зеленчук, за вечера житарки. За месото немам ограничување туку ми рече кога ќе воведам 3 оброци тогаш да воведам прво телешко, па пилешко. Исто така, кога ќе воведам 3 оброци, да додадам бисквити или житарки во доручекот, месо во ручекот. За понатака ми рече ќе ми каже на следна контрола.
Денес прерипнав подој, бидејќи бебе изеде цела кашичка. Значи ми се фати 6часа да не дојам Градите камен ми станаа, болеа ептен Кај мене не се воспостави посакуваната лактација очигледно, уште е ко на почетокот кога се стврднуваат Страв ми е од мастит решение некое?
Можеш да се одмолзуваш и да чуваш млеко за кашички. Јас така би направила, камо да ми се полнеа толку.