Па не знам дали се полнат, или друго е работата, овде читам дека треба да се меки, а бебе да си цица најнормално...
Мене така ми се стврднуваа до скоро ноќе, а малиот имаше 6 месеци. Штом скокаш подој, искористи го млекото ако вадиш со пумпа, ќе ти се најде за млечни кашички.
Само ориз и просо имам воведено до сега. Инаку да ја поминеме вакцината ќе воведам и овес, јачмен, гриз, хељда и палента. Леле вака кога ги набројав многу искочија ама полека полека ќе ги воведам, не сите од еднаш. Со тоа што овес, палента и хељда може да јаде често, другиве доволно е да ги проба па ќе видиме понатака.
Јас од житарки имам воведено палента, просо и ориз. Сакам овес да воведам деновиве, па гриз, а зедов и јачменови снегулки, којзнае какви се тие.
Јас денеска воведов јачмен, остана уште хељда и пченичен гриз. Има некоја причина другите да не ги даваш често или не се вкусни? Едит: И овес немам воведено.
Јачменови снегулки, ги здробив во сецко и со лажица мерам. Пченичен гриз мислев од оној плав мислам беше со дете на него, не ни знам какви постојат, нит па знам каков вкус има
Додека не почне само да бара моите 2 год се седнуваат да јадат само ако има лепче .Овошје со житарки и лепче,палента со спанаќ и лепче...Јас од 18 месеци почнав и бел и црн сите ги имаме пробано, најчесто ги купувам на тонус.
Мајки кажете ми рецепт за зеленчук со овошје... За еднаа мед сакам да дадам втор оброк а зеленчук не ми сака.. Овошјето го јади нез проблем и му го мешам со ориз, семолина, тапиока, просо сите ги сака... Од зеленчук морков, тиква и батат успевам да ставам во некое овошје... Што ќе ме посоветувате како за втор оброк што да давам?
Епа гриз јас не јадам, единствено како кнедли во супа еднаш годишно И јачмен не сум користела до сега. Хељда, палента и овес цело време јадеме. Инаку гриз јас земав на Холе, тоа Семолина било уствари гриз, а јас барав барав викам како може гриз за деца да нема Ама ме зезна еден млад дечко коа прашав гриз, гледаше по кутиите и рече нема гриз, а после тоа една постара девојка прашав и вика: Како нема гриз? Каков сакаш има А овес и јачмен ќе земам цели зрна од биокосмос, ќе ги киснам навечер и сабајлечки ќе ги варам. Понатака може и овесни снегулки, сега за сега цело зрно.
А Семолина е пченичен или пченкарен гриз? И снегулките треба да се варат? Колку што знам се киснат само.
@NanaMia еве ја, јас не знам зошто кога правам скриншот зумирана ми излегува. @Jana06 пишува интегрално пченично брашно. Едит сеа видов за снегулките, ако се ситни најверојатно не треба варење, ако се погрубо обработени треба и киснење и варење.
Јас досега воведов јаболко, круша, морков, батат и ориз. Досега одвај по некое лажиче каснуваше, денес на мени беше батат (трет ден), со морков и јаболко, толку и се допадна што буквално се тепаше за лажичката. Можеби беше околу 100гр, скоро цела ја изеде. Утре сакам да воведам банана, во комбинација со јаболко или круша, но што ако бара да јаде како денес, дали да престанам после неколку лажички ( иако искрено ми изгледа сурово ако бара, а да не давам ) 5 и пол месеци е @Jana06 семолина е оризов гриз колку што запомнив,баш пред некој ден имаше дискусија тука за тоа.
Малиот ми е 4 м и 11 дена. На последна контрола е мерен 7960гр, пред 10 дена. Роден 3360. Педијатарката ме посоветува дека е големко на килажа (ексклузивно доење сме) да почне со пробување вкусови на 5м, со образложение веќе дуплирал килажа што треба на 6 месеци реално да биде. А баш сакав да си почнам на 6 како што е редот. Ама ете така ми кажа. Ваше искуство?
Изблендај пола јаболка или круша ако се поголеми и додај четвртина банана. Дај и да јаде колку сака, секако веќе ќе воведуваш оброк.