Секаде каде што прочитав пишуваше 50 гр ама јас давав 20 30 за да не биде премногу тегава кашата. Зависи и колку јаде количински, ако си јаде 180 200 гр можеш и 50. Синко нејадач па затоа почнав со помала количина. Јас добив совет да почнам од 4 затоа што беше крупно бебе, на 4 месеци беше 8150. Почнав од 5 затоа што покажа интерес. Слободно продолжи си со цицање и дај му цврста храна кога ти мислиш дека треба.
Со секакво овошје ја комбинирам. Вчера му дадов палента со круша. Житарките за доручек ги комбинирам со овошје што ми е воведено. Ќе си спремиш јаболко и круша колку што мислиш да дадеш и во неа ќе ставиш малку банана и нека си лапка. Утредента ќе ставиш повеќе банана од претходниот ден во кашата што ќе ја даваш со веќе воведеното овошје, па и третиот ден исто така ако воведуваш три дена. Само гледај да е зрела банана, тврдите прават запек. Ме збунавте со Семолината сега. Оваа што ја користам е без глутен. @Butterfly1107 Твојата е со глутен? Гледам пишува од 6 месеци дека е. Може да ја сликаш и предната страна?
А зошто јас мислев дека овие кутиите се со додадено млеко? Значи треба и ад да се додава? Инаку, цимет може или треба да се дава?
Нема млеко, во начин на подготовка вика со млеко да се прави ама сигурно може и со вода. Јас имам едно неотворено пакување од Хип комбиотик ќе пробам со тоа да го направам.
Има и со млеко,и без,си пишува на самата кутија.Зборам за Холе,ги имаат сите житарки во две варијанти,млечна и чиста.
Јас кога и го мешам со овошје или зеленчук секогаш ги правам со вода.А кога сакам каша само од кутиите без да додадам нешто тогаш со млеко го правам поубав вкус има.
Како се готви на пареа? Многупати го имам слушнато овој начин на приготвување храна а ми нема текнато да прашам. Вие што готвите вака,зошто вака а не варено во тенџере? И уште ова, по колку време може да стои приготвената каша пред да ја изеде бебето? Можам од утрото да му направам и за доручек и вечера и после да заминам на работа? Не би сакала да му давам на никој обврска за ова, а и сакам да имам контрола што јаде.
Има тенџериња со решетка, а јас купив само решетка од Технополис која се прилагодува на различни по големина садови. Инаку за предностите од готвењето на пареа наспроти варењето во вода ќе постирам една слика, на бугарски е, но разбирливо.