За телешково месо пред некое време имаше дискусија околу замрзнувањето. Како одлучивте да го замрзнувате, варено заедно со малку водичка или?
Мајки, сега се збунив за грашаков. Во едни табели стои дка се воведува на 9 месеци, а некаде пишува на 7 месеци. Купечките кашички гледам се за 4+. Кога вие го воведовте?
Јас сега на 8 месеци воведов.. Мн се различни табелите.. Се мислам за киви јас.. Негде пишува на 8 а негде покасно а баш е сезона.
Кивите спаѓа во цитруси после година е препорачлива,заради киселоста може да даде осип околу и внатре во устата па некој период и ништо да не ти јаде а за алерген не е .
Јас пред една недела му дадов готова кашичка, но само 3-4 лажичиња проба едвај, ич не ми беше убава. Па планирам овој месец домашна да му направам и да го воведам. Нема да чекам до 9ти месец.
Од кој месец дадовте смоква и како ја подготвувате ? Леќата како ја давате и дали може зелена да дадам 10 +++ сме? Сува везена црвена пиперка дали може да дадам немам замрзнато доволно свежи?
И јас за леќата да прашам. Планирав следната недела да воведам црвена леќа 7+ е бебе, но сега гледам во бебе готвач дека е 12+, а по Којич 6+. Голема е разликата, вие кога воведовте?
Шмукалче му даде? И моево не ја јаде таа од шмукалчињата со грашак ептен грозна е..А од тегличките јади само не ми тњкнува која комбинација беше.. Леќа јас ќе воведам сега во теков на 7ми месец..
Како не е алеген кивата? Јас ако изедам повеќе од 3 киви почнува јазикот да ме чеша, ушите, очите и после тоа рацете и на крај повраќам.
Да ,мислев не ја водат во група за високо ризични алергени, но секој на нешто појавува реакција тоа е индивидуално. Препорачливо е до 3 киви дневно да се јадат.Имам читано луѓе алергични на киви треба да избегнуваат смокви и лешници.