https://www.facebook.com/beorgmk/ Првпат купив пред некој ден, каснев со нарачката и ми излегоа во пресрет, ми се јавија дека им останало нешто ако сакам да нарачам. Ептен се услужливи и враќаат брзо на фб, до вторник навечер траат нарачките, во четврток е подигањето/доставата.
Прва опција ми е домашно од роднини и пријатели, втора органска продавница и ако не можам да најдам купувам од маркет истото како за нас. Батат купуваме од тинекс најчесто, робата им е секогаш свежа,барем во овој во катната гаража. Пример, компир би купила од маркет зашто сепак под земја расне ама спанаќ нема шанси.
Јас се мислев дали од кутиите инстант да купувам ама си купив различни житарки, ги мелев во сецко и ги мешам навечер со ад. Купечките исто не ги сакаше, а вака направено за 5 мин цела каша ја јаде. Овошје навечер не му давам, само житарка со млеко.
Проба да комбинираш со батат, тиква, тиквица? Тие се поблаги, би требало во комбинација со нив да јаде.
Не давам и јас овошје навечер, имам 3 различни инстант каши ама ни една не ја сака.. Какви житарки даваш? Кромид, пашканат или путер да додаваш во кашите??
Незнам колку месеци сте ако имате воведено млечни, малку јогурт може,моите купечка каша само со јогурт поминува.
Да, ги киснам малку, варам 10мин максимум (јачменот само го киснев ама варен убаво омекнува) и мешам со ад да се направи убава каша.
Уште не сум ја погодила точната грамажа Ставам една чаша за ракија житарки и ад правам 90мл за секој случај. Секогаш искача премногу, мислам дека пола чаша и 60мл е таман.
Да знаете само дека сите житарки за бебе обавезно мора да киснат преку ноќ. Освен просо, киноа и амарант.
Да, треба да се варат некои помалце некои помалку зависи за какво зрно се работи. Ако се цели зрна треба подолго, ако е овес ситен пахуљици многу малце. Инаку за односот ако утнеш ќе ги исцедиш, за тоа немам инфо.
Јас и просото го киснам, друга житарка што е за киснење немам дадено сеуште. Едит: и ако има повеќе вода го цедам.