Јас од скоро ја следам групата "Домаче кашице за бебе". Во однос на нашава здрава храна, здрави деца, групава многу повеќе ме бендисува. Има шеми за почнување со дохрана, објаснување со што да се почне и зошто, што да се избегнува и сл. Следи препораји на СЗО за порано воведување на алергени состојки, а не одложување. Има една девојка, Бојана, админ е на страната, струја е. Мислам нема пост каде не дала совет, насока со објаснување што и како. Вреди да се вклучите.
И јас сум зачленета таму, и стварно поразлични се од нашиве а и имаат информации за се во папка па немора за се посебно да прашуваш
Денес купив од овие Ло Бело бисквити, пробав една и ми дојде премногу блага. Сакав да прашам вие какви користите и дали сите се вака на вкус? Спојлер: Ло Бело
Црвена леќа мене ми кажа Живковиќ сега од 9ти месец. Јас му дадов и портокал киви и мандарина. Немаше реакција. А за грашак како го давате? Цели зрнца или пасирате?
Баш вчера дадов прв пат грашок, бидејќи беше замрзнат прво го оставив во топла вода да постои, го излупив, на пареа 10м па блендирав со се останато.
Не знам дали е за тука прашањево или за во "Совети..." Како и колку давате вода? Од кога има беба еден оброк се смени каката (што е нормално), сега е како топче од пластелин (се извинувам за деталниот опис ), но штом напнува да кака почнува силно да плаче. Се плашам дека и предизвикува болка,дали не и давам доволно вода? Инаку се уште цица,подој не сум скратила, всушност никогаш не сум броела подои, ниту сум гледала на часовник, но дали сега млекото не е доволно за да е хидрирана? Давам вода со лажичка за време и после оброкот,но немам ориентација колку внесува така,мислам дека повеќе е изводенета од напиена. Пробав да дадам со шише, не знае да пие, си игра со цуцлата и си ги чешка непцата. Дали да продолжам со лажичка и да давам преку цел ден? И колку мл е доволно? 5+++ е
И мене сето ова ме интересира, не ми е баш јасно... И да додадам, како спремате лупен овес? Читам има глутен, од кога воведовте?
Не знам колку е доволно, но јас од скоро почнав да нудам и меѓу оброци. Ако е жеден, пие. Ако не е, одбива и со рачето ја бутка чашата. Инаку, пие за време и после оброкот. И моето не сака шише, со лажичка ми е напорно, па давам од стаклена чаша за ракија. Порано лом се правеше, вратот мокар му беше и го пресоблекував после секое јадење. Сега се научи и знае да пие (паѓа по некоја капка де ама подобро е од порано).