Сакам да отворам една дебата за органската храна. Што е е поздраво? Органско смрзнато или неорганско свежо? Ете, ме интересираат ваши мислења. И уште нешто, дали сметате дека тоа што се нуди како органско е навистина органско?
Баш вчера некаде прочитав дека секогаш подобро е органско замрзнато отколку свежо од пазарите. За малиот купувам од сигурни луѓе што одгледуваат мала количина. Од прекупци од пазар не би земала за него и досега земав само домашно (освен банани) и замрзнував или пастеризирав за да ја зачувам и да не ми пропадне храната. Тоа што немам и ако домашно не успеам да најдам, ќе го купам од продавници со сертификат дека е органско.
Успеваш да најдеш се? Реално, понудата на органски производи на нсшиов пазар е многу мала. Зборам за свеж зеленчук и овошје.
Досега за овие два и пол месеци откако јаде, успеав да најдам од луѓе што си имаат дворови и бавчи, само банани и батат (заборавив него да го спомнам) сум купила од пазар. Имам доволно непрскано овошје и зеленчук до следната сезона, затоа и специјално купував замрзнувач и се наполна цел Еве, на пример, грашок немам и ако не најдам од луѓе, ќе барам да купам од тие со сертификат и ако не најдам, последна опција ми е од маркет.
Денес првпат му дадов глутен и не знам што може да се појави како реакција. Кои промени би ги имал ако му пречи глутенот?
Исто е и кај нас, матичната рече 60мл после оброк треба да пие. Не пие воопшто после оброк, нудам во текот на целиот ден. Инаку @Jana06 јас стално го пресоблакам мали после јадење е лом од глава до пети. Како успеваш ти да не се испрља?
Јас не гледам се што внесува да е органско нема од кај да купувам...Ако не најдам домашно купувам од пазар или маркет, или пак давам готова кашичка.. Некои намирници колку сака нека се органски ако не му е сезона не ги давам ни ги купувам..
Не знам што да ти кажам Исто мокар беше ама сега кога му давам голта, па само по некоја капка му капе на блузата. Претпоставувам се научи да пие. Пробај во текот на оброкот да даваш. @elimkd Од каде наоѓаш домашни јајца и од кога воведе жолчка?
Ама еве на пример, на кајсиите не им е сезона сега, а му даваш органска кајсија од кашичка. Нема некој избор на овошје што за оваа возраст може да се даде, не би имале комбинации ако даваме само сезонско. Или еве на сливи не им е сезона, но имам замрзнати и давам за комбинации, за запек и сл.
Треба време да се нормализира, пробиотик континуирано давај, не мешај повеќе од 2 овошја ,давај еден ден крушка еден ден слива.Во зеленлукот брокула.Намали ја количуната на житарка и ако е еден оброк на почеток немора секој ден да е житарка.Вода претежно бебињата почнуваат да пијат откако ќе се воведат 3 оброци и ред кога ќе воспостават.Вода на полеѕокот од 30 дп 50мл е доволно но пак е ако сака да пие,доволно е што цица. Нежна масажа на препоните спрема стомакот со палец ,претходно намачкајте некое масло бебешко или павловичева.
Жолка му воведив од 7 месеци, постепено два пати неделно, во денови место месо. Чинам си од ск не би знаела за таму да ти кажам, се снаоѓам од познаници од по околниве села
Да, не познавам никој тука од околно село, треба некоја баба/дедо да најдам. Овие по пазарите жива превара се, белите јајца ги продаваат како домашни. И јас сакав сега во 7ми да воведам, се мислев да не е рано. Фала
Видов и јас ама сакам да знам со што се хранети кокошките, сигурно нема да знаат. А и кој може да гарантира
Пробиотикот не ни е прекинат од раѓање,давам редовно наутро, од житарки само ориз имам воведено досега и имам дадено 2-3 пати само, крушка давам секој втор ден баш од истава причина што мислам дека ќе е полесно какањето, ама не е, ми е жал кога така плаче и целата се стега и црвенее во лицето. Слива и брокула се уште немам воведено. Ќе пробам и со масажа вака, ти благодарам.
Не знам дали спомна некој, но воведи маслиново масло во зеленчуковите каши. И држи ја во оваа позиција како сликата.
Сум нашла досега се' органско од Деметер овде. Купувам свежо два пати во неделата за да имам само за тие 3-4 дена. Маж не пуштам во ваква набавка, морам лично да ги одберам продуктите
Не е рано за маслиново масло? Нема ни 6 месеци А оваа позиција ќе ја пробам, мислам дека ќе помогне. Ти благодарам Јана