Точно. И јас тоа го прочитав на еден сајт, дека предизвикува запек маслиновото масло. Сега и сменив 2 дена не и ставам маслиново туку кокосово масло, па да видиме.
Баш вчера читав во една група дека кокосово и палмино масло имаат најмногу заситени масти од растителните продукти. Не се препорачувало голема употреба на продукти кои се тврди на собна температура зашто имаат висока точка на топење која во организмот не може да се создаде, па можат да запушат артерии и слично. Ова нормално ако се конзумира постојано, ако гледаме така многу други имаат заситени масти, но имаат и други придобивки.
Точно. Ако го користиш цело тегличе секој ден сигурно дека ќе имаш и холестерол и запушени вени и артерии. Но тука станува збор за пола лажиче дневно Плус мојата не ги ни јаде кашите, една зеленчукова каша ја јаде на 3 пати и пак 1-2 лажички остане и ги фрлам. Што значи тоа пола лажиче во кашата она дали и пола од пола лажичето го прими во организмот Вчера не јадеше, едвај пола лажиче успеав да и дадам, вртеше глава и не сакаше со ни едно залажување да јаде. Денес исто. Се што е претерано не чини, тоа сите го знаеме, ако се користи се со мерка нема да има никаков проблем Поздрав
Јас ќе пробам со масло од репка(има на хипп), такво ми препорача педијатар за запеков Се надевам ќе се среди
Јас исклучиво такво користам,на Холе,од репка и сончоглед е.Маслиново поретко,и путер супер проаѓа.Иначе од бебе маслово капнувај и во овошните кашички,така организмот подобро ги апсорбира витамините.
Јас му давам од ноќните со какао 7и пол месеци е.. @0ли не велам јас да даваме само сезонско така треба да јадат 3-4 работи само..велам дека јас не барам стрикно тоа што купувам да е органско, на пример компир, батат, брокула, карфиол купувам од пазар..Тиквички,пиперка,малини,капини и тиква имам замрзнати од кај мајками од бавча далеку од органски се овие Сакам да кажам еве јана на пример како што бара, порачува и се држи до тоа да му дава само органски јас не.. А од готова кашичка давам оти нели и само такви се..
Јас давав,во зеленуковите каши за ручек,по пола лажиче.Ако ти е страв,почекај до воведување на млечни.
@babyboy1 и јас таа ноќна каша со какао ја имам и сакам да и ја дадам.. Затоа прашувам... Од инстант ноќните каши нејки да ги јади и ми остана уште тегличките да ги пробам.. А директно навечер ја даде или пробуваше прво од сабајле?
Така и планирам, додека се среди ова со столицата. Додуше педијатарот ми рече, било какво од репка, ама ќе земам од ова дека е био. Опцијата путер отпаѓа засега, се јави кај бебе дерматит пред 2 месеци и уште не е утврдено на што точно реагира, такашто ќе мора етапно да одам со воведување. Фала за препораката
@WonderGuurl Ај баш сподели дали ќе помогне. А го има ли ова масло од репка кај нас? Или смешки прашувам, се подразбира дека нема?
Дирек навечер ама претходно еднаш му дадов какао во кашичка за доручек оти не го сака овошјето ич..па така го сметав за воведено.. И моево не ги сака инстант ноќните, ни со вода ни со ад а ни со овошје..од тегличкиве каснува по 50-60 грама колку без ич
Јас какао дадов на 9+ Органско во овошна кашичка. Леле и мојава не ги сака кутиите ноќни инстант,се гади,вришти,мава со раце,да не ги види. Неколку зедов различни,ни една не сака.Па за вечера се со к.млеко е.Со палента,со лебче,со двопек. Големава многу ги сакаше.
Дали има некој искуство со ставање на минимално количество ноќна каша во млекото? Мојата е 8+ и пред 1 недела и излезе првото запчи а по некој ден и второто и воопшто не сака да јаде.. Правам и фрлам јадење.. Совет на патронажната сестра е да и ставам од кашитее малку во млекото.