Не баш се убави ад+житарки и овошје.Јаболко,слива,банана,има со какао,бисквит. Мислам мојава од Ад се гади. И поголемава на доење беше ама супер ги прифати.
На мојава и’ се омилени,а и јас си дојадувам.Зборам за млечните инстант каши во кутија.Јас додавам мало лажиче овошна,за да даде вкус,иако и без ништо супер проаѓаат. Иначе маслото побарај го во Зегин,или поголемите маркети,сигурно го има,без разлика Холе или Хип.
Супер е со кромид, јас секој ден по малку му ставам во зеленчуковите. И кога ќе ждригне, мириса на кромитче
Еве го, уште утре го пробувам и ќе споделам Ладно цедено е и на крај рафинирано за да се уништат можни контаминации (тешки метали и сл) Би требало да го има и таму, или некое друго убаво како алтернатива
И јас зедов разни овес со јаболко, со банана, со бисквита, му ги давам и со вода и со ад не ги сака, а ако е во тегличка истата каша ја јади незнам кај утнувам.. Мене ми се ептен вкусни со вода а со ад заради млекото не ми се баш.. Јатрвами така има давано затоа што не и ги јадел, ми рече да пробам ама не сум пробала досега а и незнам како би течело така дупчињава се мали на цуцлава.. @dunika провав и овошје да додавам и пак не ги јади..
@mal.ecka кога воведе млечни? И што прво? И едно смешка прашање-дали со давање на ноќниве каши е воведено млечно? Нели тие со млеко се..
И мене во ИТ ми препорачаа прво од тоа масло да користам, таму купував од ДМ на babylove можеби има и овде.
@babyboy1 ми рече да направам поголемо дупче за да и течи, ама ми е страв оти последниве денови само на млеко е и уште тоа да го отпие од вакви експерименти и после од воздух ќе живеј.
Смени го терминот за оброк порано или покасно, прво млеко па после еден саат до два каша.Колку изеде толку исто како на почеток да си.Па утре ќе намалиш млеко,ќе зголемиш кашичка и не воведувај нови работи додека не почне да јаде.Јадете заедно или додека вие јадете нека седи со вас.
Од колку месеци почнавте со жолчка? Денес педијатарот ни кажа да почнеме со една осмина,па четвртина и потоа половина тврдо варена жолчка.Неделно да и се собира до 3 жолчки да јаде. За 10 денови полниме 7мес
Мене не ми се убави ама јас освен во кафе, млеко не пијам. Не е воведено млечно. Треба да воведеш јогурт, кисело млеко, сирење итн за да се рачуна воведено. Јас планирав од 8+ ама денеска добив совет од педијатар да почнам од 9 месеци.