Мене од 8 месеци ми рекоа и така почнав.. Осум и некој ден. Во палента со кисело млеко го ставам. Само тоа го јади донекаде овој период.
Оваа се води по сзо и табелите од бебе готвач ги дава. @MikicaBt Јас од 8 месеци ќе воведувам млечно, ти веројатно веќе си имала воведено. И јас мислам дека е касно, па и ќе размислам може 2 недели да ги подранам.
Јас баш денес се слушнав со патронажната сестра и ми рече демек големо е бебето веќе.. Се да воведам освен црвени плодови и мед. Е сега јас и боровинки имам воведено и црвена пиперка и леќа. А млечно само кисело млеко и го обожава. Следно планирам урда несолена и моцарела. И за какао прашав рече да воведам пошто и железо има.
Ова е многу поразлично. Леќа, грав и сл ќе воведувам од 10 месеци. Пиперката инаку е 7+. Масло од репка во Мк има само во Фила ама немам нарачано. Пишав на Дм ама не враќаат.
@0ли, @Chuchanov Да ве прашам за кромидов, зашто и јас ќе воведам следна недела. Со оглед на тоа дека по малце јадат, што правите со остатокот од главицата? Може ли да го користам 2/3 дена и после да фрлам?
Два дена од една главица му давам. Вториот ден ги чистам слоевите што се однадвор сè до свежиот дел и третиот ден почнувам нов кромид. Не фрлај, искористи го ти некако дали во манџа, во чорба, во салата и сл.
И јас исто како Оли, два дена давам или го користам за нас. Од скоро почнав и млад кромид, па таман за два дена ми иде (тоа нагоре го фрлам).
Пробав и така ама јок Неможам да го убедам никако Ич не експериментирај тогаш Се од наведеново е пробано на пример од сабајле кашичката ја отварам и ја нудам до 11 најкасно...па после таа за ручек за јади цела и со вечернава почнувам од 17 па до 20 да се кандиса да касни 50-60 грама..хранилката му е до нас на маса..ама можи и рано му е за вечера
Не така,ако е вечера во 19 часот тогаш и 30мин што изеде толку.Немој 3 саати да се убедувате навика ќе му стане.Значи ќе има денови и без јадење и без спиење и без течности ама според мене распоредот е тој и со време се создава навика.Ние мајките до близнаци сме строго по ред и се придржуваме иначе кај ние крајот
@babyboy1 Бебечево 6м ќе прави следна недела и чекам за да почнам со вкусови.Скоро еден месец додека ги ранам близнаците он е во релаксатор карши нас и не посматра.Како јас ги ранам и он отвара уста .Оваа недела почна и да плаче зашто не му давам и на него.Друго и да спие а ги види дека ги седнуваме да јадат он бара да е исправен и ги гледа За да не плаче цица и он во тој период или го заигрувам да не ги гледа.
Кај некој порано се воведува ако бебето има низок хемоглобин,пријателка моја бебе родено во 7 месец до 6 месеци низок хемоглобин ,и покрај терапија препишана слабо се корегираше и рано почнаа и со месо и со жолчка.
Аа не не јас погрешно сум се изразила..Сега се прочитав.. Не му дремам со кашата пред него во тие три саати, туку зависи како е со спиењето преку ден и вечерата му ја планирам 2-3 саати пред спиење..некогаш се случува да преспие во 17ч. И да ме зафркава после до 22..и давам дури не ми ја стегни устата и почни да се тегни..некогаш само лизнува и толку не нудам веќе ако гледам дека не сака
Хаха ама сигурно го има и кај нас во Дм во Македонија. Инаку јас дадов првпат вчера па божем повеќе му се свиѓаше кашата зеленчукова ,инаку борба водиме со зеленчукот.
Dali ako ima nekoja mamicka moze da mi ja prati tabelata so ishrana po meseci, ja imav zacuvano ali neznam kaj mi otide nemozam da ja najdam vo mob