Живкович ми рече за месо е рано на 7 ипол да ја носам за да ми објасни . Докторката на вакцини ми рече да почнам мене некако рано ми е. Од кога почнавте да давате телешко и пилешко?
Сега деновиве воведувам, 7++ е. Од страв воведувам полека, со овесна каша со глутен. Првиот ден дадов 10 гр, па следниот 15, па 20 и денес дадов 25. Не верувам дека другите вака прават, но ете сакав полека да воведам.
Кај моево пак ако нема маслиново во кашичката кака топчиња, а со маслиново си кака нормално потечно,жолто..или како тоа што јадел зелено,портокалово А гледам во сите купечки каши има масло од репка... @Jana06 спанаќ мислам дека не се дава толку често не ми текнува зошто.. Јас го воведов на 6+ со готова кашичка исто како другите намирници
Фалааа многу и ние сме 6+ па ми рекоа да воведам и се мислев готова каша да купам дс го воведам така хаха А кога воведовте малинс боровинка и манго?
И моето е 6+ оваа недела ќе му воведам глутен со гриз. Боровинка исто сега на 6 ќе му воведам. Малина и манго 8+
Леб кога воведовте и каков?? Малиов сака да јади и свекрвами му давала денеска џабе е да се карам да не му дава ко знам дека пак ќе му дава туку да најдам здрава варијанта па нека го рани..
Со пченка, просо и уште едно не ми текнува што беше? Ако е таа, ја зедов и јас. Планирам со вода да ја правам и за доручек со овошје да ја давам понекогаш.
Јас бев скептик за леб ама па тој зинува дали зинува и додека јадиме а не гледа јас каснувам тој зинува Му дадов искинати парченца да си зема сам, страв ми е да му давам поголемо парче да не откини да се задави.. Свеки се запнала да му давам ама незнам.. Не откинува големи парчиња?? Мене ми е страв така да давам.. Јас ги мешам со готовиве кашички за да ги потрошам..овие што ми ги надонесоја сега во пакетчињата за нова година скоро сите се една две намирници и вака ги искористувам..