Холе млечната со просо има вкус на бисквита. Денес му дадов на синко со пола банана, уфф ми идеше и за мене да си направам
Речено-сторено Супер е маслово од репка, помага да се искака нормално Ставам по една полна лажичка во 150гр каша
Па јас со вода ја направив, мислам дека има Ад во неа, јас така сфатив, зашто има млеко на сликата. Или не е така ?
Глутенот, ако не дај боже прави проблем нема да биде одма. Џабе мали/големи количини или имаш некоја друга причина?
Грашоков ама воопшто не го сака (од тегличка што е). Му го подметнував со друга кашичка и штом го осети пресмешни фацички прави и не сака да го голтни. Имам уште едно тегле, си велам помала количина да му измешам во веќе направена кашичка со тиквица (самото тегле е грашок/компир/тиквица). Вие со што друго го имате комбинирано?
Да се надоврзам на прашањето за жолчка. Како се воведува? Пример дали може вака, понеделник давам 1/8, вторник и среда друга намирница, четврток пак 1/8, петок и сабота друга намирница, недела 1/4, понеделни и вторник нова намирница, среда пак 1/4 итн. Инаку јас ќе почнам следна недела, нарачав јајца од би орг.
некој го имаше ова постирано.. Јас со палента и кисело млеко ја давам.. А денес реков да и дадам само жолчка со скубнување неколку пати и така ја јадеше.
А измеѓу давањето жолчка, се дава нова намирница? Ако има некоја реакција како ќе знам дали е од новата намирница или од жолчката?
Знам дека многу пати е прашано,но да не вртам назад, од кога може спанаќ да се дава? А палента? Кога воведовте втор оброк? За тие што дојат дали скратувате подои или бебе уште цица кога сака и колку сака?