Палента давам од 6+ и многу ретко, спанаќ е од 8+ ама јас почнав од 7+ заради хемоглобинот. Втор оброк воведов 3 недели после првиот и обавезно кратам подој. На почеток кога беше на еден оброк цицаше ама после вториот почнав да кратам ама и тој не бараше. Нормално ако плаче за цицка ќе му дадам.
@Butterfly1107 не знам тоа да ти кажам.. Првата недела кога давав жолчка не дадов ново ништо а сега веќе давам ново меѓу деновите за жолчка.
Јас планирам од утре. 9+ е бебе. Се надевам ќе најдам денес домашни јајца. Планирам со банана или палента.
Палента и спанаќ од 7+ дадов. За цицање кога сака и колку сака. Најчесто цица и после оброк зошто му се приспива.
Ти благодарам Јана @RAK91 јас не сум скратила подој,макар што уште е само со еден оброк, но ми е страв да не се прејадува, затоа прашав како правите. Нудам да цица после оброк најмногу поради тоа што сосема малку пие вода,неколку лажички само.
Мила,не е железото толку лошо. Мене педијатрот кога бевме на контрола ми рече дека ако е 90 и под 90 се даваат суплементи за покачување на железото а пред тоа нема простор за грижа. Плус твоето е на доење ако не сум грешка,познато е дека бебињата кои се на мајчино имаат послаба кс од тие на ад. Еве ако ти е мисла можеш да јадеш капини, мене во бременост само тие ми помогнаа, одма ми рипна железото. И аронија јадев по 10 зрна на ден. Се што сме јаделе во бременоста за железо може да се применува и во текот на доењето.
Фала ти, веднаш штом се вративме од лекар направив нарачка за здрави ствари и купив од продавница сешто, почнав да јадам и на него му ги давам суплементите, па ќе видиме за еден месец. Ќе купам и капини веројатно ќе најдам смрзнати.
7 ипол месеци негде. Еден оброк/ужина и е исто фингер фуд,сецкано авокадо,банана.. Мојава џвака одлично,затоа и почнав,многу се радува кога џвака,си потскокнува во столчето
Златна Овој мојот сака сам со лажица да јаде, а не може и ако не му ја дадам ми ја влече од раката и ми ја фрла. Вечер ќе го собирам тепихот за перење.
Јас немам тепих. Очекувам да никне авокадо од паркетот Вчера ми ја џапна лажицата со кускус,гарант уште се наоѓа по некое зрно низ дневна.
Снегулка слатка Мојов заби нема, па претпоставувам рано е за џвакање да му давам. Или нема врска дали има заби? Исто ко од Јана, ми граба лажица, ја става во уста, но прво во око се гаѓа со храната, па во нос, а во уста на крај. Му давам исто лажиче како тоа со кое ги хранам, но не знае дека треба да го стави во чинија.