Хахаха се изнасмеав со маливе. Исто го ранам и јас со резерва лажица, инаку цела каша доле ќе биде. Ми ја зима едната, ќе ја погоди едвај устата ама храната пола на лигавче паѓа, па му давам со другата лажица. И така, чекам да ми даде лажичка за да му ја вратам со храна. И така 3 пати на ден, грбот и од раснење ме боли зашто трае пола саат
@0ли апсолутно нема врска дали се никнати заби.Може и после година да излезат.Кога ке седи цврсто (8+/-)слободно стави му сецкана храна,варено и/или меко овошје кое не може да предизвика гушење. Природно ке му дојде да го врти залчето низ уста,и да го доработи-изџвака.Со рачињата ке прави лом,добар дел ке е размачкан и на земја,биди спремна,но ке вежба фина моторика(пинцета-фат),а џвакањето го стимулира и развојот на говор.
Што почна да и' даваш како парчиња? Чисто да имам претстава и насока што се дава, а не предизвикува гушење...
Авокадо банана и крушка сецкани и/или на ленти,јаболко,морков,компир,батат,брокула на пареа.. Макарони исто од најситните,без јајца. Можеш и грашок(мојава го неќе ич) па не форсирам. Иначе ова го давам приквечер кога си доаѓа м.м па сме на маса сите,да се учи дека ке имаме заеднички семеен оброк.Ми беше глупо ние да јадеме а таа да не гледа,а мљацкаше со муце,вака сите сме “зафатени”,и’ викаме нејзе браво а она горда си скока Не и го рачунам за оброк,оти само 1/4 завршува во меше,ама гледам дека има напредок од ден на ден.
Ве читам за пасирана храна, ние сме уште на блендирано. Јас како што паничам од вода кога ќе се засркни, не знам што ќе правам ете кога треба да се почне со пасирано или рендано...
И јас сум иста, мини срцев удар добивам. Иако до сега супер се снаоѓа, сам си искашлува. Ама сака сам да јаде, сака и парченца да има, блендираните со сила ги јаде. Супер си ја држи лажичката и ја погодува устата. Се прави лом дека ги пика и рацете во уста па после се чеша за глава Еднаш пробав да не блендирам ориз ама се закашла и се откажав. Сепак моето е мало, 6ипол месеци. Ќе почекам барем до 7 и ќе пробам пак да дадам рендано/пасирано.
И јас му воведов парчиња. Смоки грицка за секунда, си викам тогаш можеш и друго Ги сечам на коцки ситни и потоа ги ставам на пареа. За да осети дека има парченца и да се научи да џвака, а не по дифолт да голта. Или ако му правам од тие кашичките од кутија обавезно додавам кршени бисквити или банана на парчиња. Или како ленти со дебелина од еден прст обавезно му ставам на чинија да јаде со рака.
Од каде купувате овошје и зеленчук ова време? Ние почнавме од вчера со јаболко,имав домашни... но морков,тиквица??? барав органски во "добра земја" немаа. Дали е подобро да купам од пазар или да земам готова кашичка?
Јас од пазар и од маркет почнав еве 2 години,сезонско купувам домашно од луѓето кој нели сами го саделе и продаваат , колку почесто одиш ќе почнеш и да разликуваш кое е добро или не.
Женски ние сме 6+ ,му дадов киндер кекс и касно видов дека има глутен ,сеа да го сметам веќе како воведен глутенот или? Немаше никаква реакција 3-4 дена поминаа.
Како воведовте цвекло, во која комбинација? И колку време треба да се вари? @WonderGuurl Да, обавезно дури и месо кога ставам го комбинирам со ориз или компир. Мислам дека Дуника ставаше и тиква како база ама моево еднаш после таква кашичка урлаше за уште, па со тиква ставам ориз.
Леле а затоа не му стасува некогаш... веќе од оваа недела може да се каже дека јаде еден оброк, другото е многу помала количина и ако воведувам нешто ново ден два. За недела две планирам телешко да додадам. Само се мислам дали претходно да дадам глутен, да не му се струпаат, или пак мал е 6++ би бил? А може и нешто друго плус како основа или само ориз и компир?
Подобро прво месо зашто се случува хемоглобинот да падне од 6 месеци, па затоа најдобро месо да си јаде. За глутен мене докторката ми препорача од 8 месеци ама јас го подранив зашто немав веќе што да воведам ново, а и од 8 месеци се воведува млечно и жолчка, па не сакав да се струпаат. Твоето нели е на цврста храна од 4+? Ако е така, треба веќе втор оброк да има, може и затоа да е гладен особено ако е покрупно бебето си сака повеќе храна. За ручек тоа е основата компир и ориз, со овошје ставај безглутенски житарици. Уште ова, мене докторката ми препорача месо да воведам кога ќе има 3 оброци, јас вечерата ја воведов кратко пред 7 месеци и тогаш почнав со месо.