Палента сакам да и направам прв пат денес,сакам со зеленчук,со што ја комбинирате најчесто и колку да ставам,колку време се вари?
Овошјето викат најдобро е да се пастеризира во тегли нели како компот,оти замрзнато многу пушта вода,ама ако ти одговара така ок,видете во групата здрава храна,здрави деца има се за тоа
Јас пред две недели купував, кога ќе се качиш горе од лифтовите веднаш лево, кај што почнуваат тие домаќинските работи. Ама којзнае сега како е,нон-стоп прередуваат. И јас не можев да ги најдам, прашав таму и ми ги покажаа. Внимавај, има два типа со онакво како на пример што се кафињава 100 и кусур грама(мислам ме разбра ) и баш со онакво како патентче, тие според мене се подобри.
Па уствари сконтав дека нашата е копија на српската,ама уште не ја досредиле. Им фалат десетина и повеќе фајлови, не стасале изгледа да ги преведат . Како и да е, има и таму искуства на мајки.
Најчесто палента и давам со кисело млеко и жолчка. Некогаш со овошје но така не ја сака. Давам палента од Даверт, на 120 мл зовриена вода ставам една полна супена лажица палента. Ја варам на тивко уште 2-3 минути(пишува на палентата колку се вари). Одкако ке ја сварам и тргнам од оган(ја ставам во тегличка јас) и додавам маслиново масло обавезно и потоа к.млеко, жолчка или друго
Па од старт се дава со лажиче. П.С.Да не мислиш сами кога почнуваат да јадат со лажиче? Ние сме 10+ абер нема.Не знам ни јас кога почнуваат сами, веројатно, како и за многу работи, е индивидуално.
Фала,јас купив на Алнатура од ДМ,сигурно и таа може,а со кисело млеко претпоставувам е најубава ама уште ни е рано за кисело млеко,па ќе ја пробам со тиквичка
Неќе моево бебе...плука, враќа, го меле во устата и се гади од јаболката Несака со лажиче. Коса ми попаѓа. Пробав со цуцла со голема дупка, јаде гајле нема..значи не е до јаболкото туку до лажичето
Баш чудно. Јас да сум на твое место не би давала така. Не знам...ке се навикне, а утре ќе треба да пројаде се. Да не си направиш поголем проблем. Батали, не ја форсирај. Пробувај секој ден со лажиче, веројатно некој ден ќе пројаде. Ко ќе размислам, веројатно ете случајов е доказ дека нема правило кога се почнува со цврста храна, очигледно се уште не е подготвена. П.С.Можеби некоја мајка го имала истиот проблем, па ќе сподели искуство и како го надминале тоа.
Какво лажиче користиш? Пробај со пластично, тие гумено, ако не пробај и со обична метална лажица по внимателно секако. Мојат кога не јадеше и со прст и давав, но сватив не било до лажицата туку нејкела да јаде тогаш
Немојте да еκспеρиментиρате мој совет со хρаната. Толκу многу се паметни бебињава што κаκо што ќе се научат сега таκа ќе си теρаат до κρај. Милион пати пишував деκа синκо од почетоκ на воведувањето на хρана повρаќаше(знае и сега но ρетκо). Лажицата ја сменив веднаш,до ден денес јаде со мала κафена лажичκа.Тоа со шише е огρомна гρешκа,познаничκа моја со нејзиното 1.5год дете сега маκа мачи κаκо да го научи да јаде,единствено хρана внесува само пρеκу шишето. Само тρпение тρеба и многу тρуд.
Се согласувам потполно. Имам сличен пример во фамилија. Моја прва братучетка на малиот му ја блендираше храната премногу долго. Детето до 3-4 години едвај научи да јаде, се давеше на секое залче, и тоа и тогаш се му пасираше на поситно. Ќе наидеше на некое малку покрупно парче, и готово, следува давење. Кога сме кај вакво нешто......вие каде ги храните децата? Исклучиво во кујна на хранилка? Јас цело време инсистирам на тоа, да се знае каде му е местото на јадење. Сестра ми ги хранеше нејзините каде стигне, т.е. не таа туку бабите така ги научија , па до ден денес едвај ги прибира на маса за јадење. Знам дека малово мое црвосува некогаш од досада, гледам да го забавувам постојано, го залажувам, ама не сум подлегнала на тоа да го однесам на пример во дневна пред телевизор да се загледа, па да имам послободен пристап до устата Грешам ли, мајки?
Јас од зимница сега за сега спремив само овошје во тегли како компот. Црвени и бели цреши, кајсии, праски и вишни. Џемчиња од малини и сливи. Не ги замрзнав само така зашто со одмрзнувањето се раскашавуваат, а пак праска и кајсија се грозни. Здравје при крај на летото во план ми се и сливи, и да замрзнам пиперки, тиквица и модар патлиџан обавезно. Во меѓувреме може ќе ми текне и уште нешто. За јаболки и крушки немам слушнато дека некој замрзнува, сепак ги има цела зима. Според мене подобро е да се направи зимница отколку да се купува увозно, без вкус, и скапо. Во врска со јадењево пред тв незнам што да кажам...и ние го правиме истото и незнам колку е паметно. Ретко се погодува кога ручаме ние и нејзе да ја седнеме до нас да руча, зашто обично се разминуваме со термините за ручек. @PUPICA јас давам Абц кремсир.
Најчесто со палента,со тарана, и како додаток во некоја неутрална и невкусна каша, посебно ако несака да ја јаде. Сум пробала лепче путер и кремсир ама многу споро ми џвака и изгледа и се лепи за непце па често ми плука. Во принцип и се свиѓа бидејќи е малце соленко, за разлика од урда, почна да не ја сака па затпа почнав да купувам само Абц.