Уште малку ке почнам со пробување на вкусови па ако може некој да ми објасни како иде? Прво сите ли вкусови треба да ги проба па да почнам да мешам? И од кога да се воведе цел оброк? Прво ручек или доручек? Што смеам да давам да проба? И кои каши се добри? Сигурно за ова има дискутирано назад ама немам време да барам, па би била благодарна ако некој сподели совети.
Dadov pire podgotveno so kupecko mleko ( bitolsko ) dali toa se racuna kako da sum go voovela mlekoto ?
Семолината сина е оризов гриз и е без глутен, а во портокалова (или црвена, не ми текнува) е пченичен гриз и е со глутен.
Од 8 се млечните ама јас ги воведов сега т.с само кисело млеко имам даено оти можи да и текни на свеки да му дај да јади навечер па после треба да го мислам вака знам воведено ми е и нема реакција А па и мораше да го обожава за да ми речи ете гледаш си сака детето кисело млеко ти не му даваш
Со најголема масленост,на почеток палента,просо,со спанаќ или блитва а кога воведов ужинки и за ужинка само к.млеко.
Со спанаќ за ручек би било така? А нели млечниве се за вечера или можи исклучок..Најголема 3.2 е или има и други?
Заследете го профилов на инста има интересни информации околу воведување на нови намирници и како да ги комбинирате. Јас го заследив И прашање имам. Сега е сезона на тикви,сакам да замрзнам за кога ќе почне синко да касне тиква која ни е домашна. Имаме наши тикви кај баба му. Смеам да ја замрзнам и како? Или ич да не замрзнувам кога ќе почне тогаш да купам од пазарче.. Ми е мисла дека овие домашни..
Ќе ја излупиш и ќе ја исечеш на прачиња. Ја ставаш да се вари 3/4мин во зовриена вода, ја оставаш да се олади и ја редиш на послужавник во замрзнувач. После неколку саати ги вадиш парчињата ставаш во ќеса и враќаш во замрзнувач. И си вадиш колку ти треба парчиња по потреба.
Да за ручек јас давав , додека немав воведено вечера.Моите алпско само јадат и мислам и со 4% масленост е.Само да не е од тие со пониска масленост.
Мене педијатарот ме советуваше во зима да не воведувам млеко,се лепи за грлото и останува и предизвикува кашлица и лесно доаѓа до бронхит.
Јас почнувам следна недела ама имам претходно искуство три дена зеленчук почнувам со морков прв ден давам малку врв лажица чекам 15 мин ако нема реакција и ако сака уште 3 лажички.Следниот ден пола каша 50гр, третиот ден 50гр и малку ориз истант од хипп 1 лажичка во 30мл вода.Јаболко исто како морков прв и втор ден; трет ден јаболко морков и ориз заедно.Моето е 6+.
А нели млечни не се комбинираат со работи што имаат железо? Не е погрешно да се дава спанаќ со кисело млеко? Знам дека е вкусно, но дали треба така?
Пченичен гриз исто како обичен. Јас со вода правам. 100/200 мл со 1/2 лаж гриз. инаку @babyboy1 му правам и овошен јогурт. Кисело млеко, сварен гриз, банана, црешни, сливи и кокосово масло малку. инаку колку треба масленост на кисело млеко?
Вечерва за прв пат му дадов вечера (трет оброк), адаптирано млеко со инстант од холе -3 жита. Абе цела си ја изеде, грамажа не знам ,така отприлика направив. Инаку не беше спиен, со цицање не се успиваше бидејќи не му течеше доволно и рекив детево можеби е гладно и стварно се' изеде. И да се редактирам, кога воведувате вака 3 оброк, дали и за појадок и за вечера давате житарки?
Јас не мешам.Спанаќ секогаш комбинирам или со батат,црвена пиперка малце или капнувам портокал.Да,вкусно е со јогурт но бидејќи е на доење,страв ми е за железото,вака ми е посигурно.