Јас досега имам дадено само инстант од холе, а го правам пола количина од тоа што пишува таму бидејќи некако ми е доволно како додаток на кашите. Мешам со вода.
Женски колку пати неделно давате месо? Ние сме за малку 7 месеци па сакам да воведам телешко.И после колку време од телешкото воведовте и пилешко?
Со нешто портокалово најчесто. -Батат, пашканат, брокула -Ориз, морков, брокула -Компир, тиквица, брокула Овие се на 5+ што може да се јадат, понатака има повеќе комбинации. @Ceculka 2 дена давам телешко, па еден ден пауза дека хемоглобинот сакам да му се покачи, инаку би давала 3-4 пати. Пилешко ќе воведам од 8+, па риба 9+ и тогаш планирам 3 телешко, 2 пилешко, 1 риба и 1 мешункасто.
Здраво , ние сме 5+++ и имаме пробано неколку вкусови доволно за да правам комбинации ... Е сега прашањето мие колку оброци можам да давам и по колку количински бидејќи моето бубу е доста лакомо и досега се што сум пробала сака
Можеш веќе да му даваш еден оброк, не знам по колку лажички си давала досега, но секој ден зголемувај по малку додека да стигнете до еден оброк (за оброк се рачуна минимум 120гр.). Јас доручек, ручек и вечера воведував на 2-3 недели, постепено.
Сега за една недела ќе воведам јогурт, кисело млеко и ќе ја воведам жолчката во комбинација со млечно, значи кога ќе наполни 8 месеци. Ти? Инаку, воведе ли риба и мисиркино? Млечно што воведе?
Женски а пример вториот оброк кога ќе го воведам, да има млеко меѓу доручек и ручек или пример давам доручек во 10 па ручек 1-2 и после до спиење се млеко? Како правите вие?
Незнам дали прашањево ми е за тука ама ај тука ќе прашам пошто со син ми немав вакво искуство, бебе не е воодушевена од пробување вкусови до сега воведов јаболка, морков, банана и слива денес гледам дека сливата и се допадна, отвара уста ама јазичето цело време го плази напред цело време да лиже и со тоа уствари борба водам да и ја ставам лажичката во уста претпоставувам уште незнае што да прави, прашањето ми е дали има некој вакво искуство дали и вашите бебиња правеле вака со јазичето?
Мисиркино и телешко воведов пред 3 недели.. Од млечно имам самп кисело млеко воведено, а риба немам сеуште ама ќе ја воведам и неа нареднава недела па после ќе почнам со жолчката и тогаш не воведувам нови намирници додека не ја воведам цела жолчка.. Иначе бисер од свеки во прилог- риба не се давала на детето дури не прозбори, ја прашувам ,ошто незнај така и велела свекрвата незина и не давала таа..па велам не сте имале од кај да купите И кај да ја чувате можи затоа ни фрижидер в село ништо кај ќе ја чуваш