Хахахах не, туку 'за да не биде немо како риба'. Сум го слушнала ова некаде. Остави ја нека си збори, на децата им треба омега.
Јас ваков распоред имам.. Станува- млеко, преспива доручек..па пак млеко, пред спиење( втора дремка) ручек и до вечер само млеко.. Незнаеше што да кажи така и велеле така кажува..ама секако дека нема да ја послушам..малиов од деверми на 3 години почна убаво да зборува, и јас 3 години да не му давам риба..боже боже а потребни му се омега..
Палента како ја спремате за бебе колку вода колку палента?Толку мала количина немам варено па немам ориентација
Мојата правеше така скоро две недели откога почнав со вкусови, ама бидејќи мене ми е прво бебе јас мислев тоа е нормално и не се потресував, отвараше уста, но наместо да јаде таа ја туркаше храната со јазичето. Читав дека бебињата кои се на ексклузивно доење го имаат поизразен тој рефлекс со јазичето но најдоцна до 6м исчезнува. Кое не се научило да јаде? Мислам дека немаш простор за грижа, само полека и трпеливо.
Добро утро мајки Ќе ве замолам за помош. 8 ипол месеци сме и еве мака мачиме со хранава. Си јадеше кашички но еве ја одвива и каша и овошје и се. Кога ме нема дома едвљј по неколку лажички ќе изеде и половина шишенце млеко тетрапак и толку, кога сум дома цица. Ми е страв со ова темпо за крвта да не и ослабне но ете несљка не отвара уста, незнам што да и давам. Синоќа имавме гости и нивното бебенце 6 месеци а како мојава да е 6 а не скоро 9 ,не да споредувам нешто но ми паѓа тешко плус дека на работа и се осеќам дека го запоставив детево...
Ја најдов оваа табела...сакаме да почнеме со вкусови 4 ипол месеци сме .. за зеленчук овде гледам покасно пишува .. што дававте вие на вашите бебиња
Јас почнав со јаболко, праска, кајсии, сливи, компир, батат, морков, пашканат, тиквичка, тиква.. И се водам по оваа табела Спојлер: Табела
Од кога почнавте со кељ, прокељ, леќа(каква цевена или зелена) и како ги спремате? Исто и риба од кога воведовте?