И јас прашував, баш доста одговори добив во темава и во темата Совети од 6 до 12. Врати се наназад и во оваа и во таа тема. Јас во моментов давам 6 пати неделно по 30 гр и така ќе продолжам додека не воведам жолчка и пилешко.
Мајки, немам време да читам назад страници. Имам 2 кг телешко. Како да го подготвам (сварам) и замрзнам. Секој совет е добредојден. Благодарам однапред.
Можиш да го иссечиш на парчиња колку за еден оброк и да го замрзниш свежо па да го вариш пред да го даваш.. Или да го свариш да го иссечиш па да го замрзниш со водичката во која се варело.. Како ти одговара така..Јас имам на двата начини
Кога вие јадете и детето заедно,смени нешто во кашите, дали структура или воведи нешто ново,сменете место на јадење а можеби е и револт дека не си дома.
Мене педијатарот не советуваше еден ден месо еден ден јајце.Риба да е 2 до 3 пати неделно.Кога немав воведено јајце преку еден ден месо давав.
Јас го исеков на малечки парчиња, го сварив и ги замрзнав по две парчиња во кеса(ставени во чошовите за да не се залепат). Водата ја турив во кеси за мраз, и сега си одмрзнувам едно мевце и една коцка мраз, кога зеленчукот е готов го додавам месото само да се одмрзни и после во за блендирање ја турам и водичката од што се одмрзна.
Месо давам 5-6 пати неделно по 30 гр.Телешко,пилешко,мисиркино. Дадов и лосос минатата недела но не го бендиса.Следен пат ке го испечам со малку портокал,се надевам ке пројде така. Инаку замрзнувам свежо,а го варам заедно со зеленчукот,40тина мин.
Само телешко имам воведено, мене ми рече 6 дена во неделата по 50 гр бидејќи е машко и повеќе протеини му биле потребни, но некако мислам дека 50 е многу, па му давам 30. Кога ќе ги воведам и другиве, ќе комбинирам наизменично.
Па од 6+ одма дадов од сите видови месо,а риба 8+. Само да напоменам дека не живеам во Мк,па се водам по овдешните препораки и насоки,кои по малце се разликуваат од македонските. Чисто споделувам искуство,не би сакала да збунам некоја мајка
Може имаш пишано не ми текнува, какви се препораките за јајце и млечни производи таму (кои млечни се воведуваат и дали само кравји или било какви)?
Јајце е исто 6+,но јас почекав,покасно накај 8 дадов,а млечни се 7+,една-две лажички јогурт дневно,и до 100 мл полномасно пастеризирано млеко за подготовка на ноќните млечни каши. Други млечни производи не се препорачуваат до 12 месеци,ни крем сир ни павлака,поради високото ниво на протеини.