Сакам да воведам просо, досега во исхраната многу ретко сум го кроситела, па не сум сигурна на кој начин е правилно да го подготвам за бебе и со што да го комбинирам? Јас купив лупено просо од Биокосмос, не знам дали е ок?
И уште едно прашање треба да воведам месо (7м е бебе) педијатарот рече прво со телешко, ме интересира во месара какво да барам?
Телешки бифтек. По препорака од членка од тука нарачувам од Веро 2, ми ѕвонат кога стига и си го зимам свежо. Исто и мисиркино имаат. За просото, стави го од вечер да кисне во вода, утредента измиј го и стави да се вари. Се вари во однос 3:1, но јас секогаш ставам малку повеќе вода и го варам до распаѓање. Го комбинирам со овошје за доручек, со ад за вечера. Ок е од Биокосмос.
И јас го имам од Биокосмос, го припремам како што ти пиша Јана. Само пред да ставиш да кисне, провери го како ориз што се проверува, знае да има некое зрно со лушпа, некое зрно овес или некакви ронки. Во рака ставам малку, го проверувам, па го ставам во филџанче во кое мерам. Не ставај многу, јас мало ептен мало филџанче користам за мерка. Во каши ставам 1 третина просо од вкупната количина. На пример, ако правиш каша од вкупно 120 гр состојки, сварено просо стави 40 гр., а 80 гр овошје/зеленчук. (Едит: и вода заборавив )
Ме буни тој инстант оризот од Хип. Мене ми изгледа дека е смелен жив ориз. Како е можно само со полевање со вода на 50⁰С да биде подготвен за јадење
Пченка кога воведовте и каква? Како палента или од готовите инстант? Ме буни што готовите се 4+ а палента е 6+, како што сум видела во повеќето табели. Глутен е 6+ или подоцна? Хаос сум уште со намирници и оброци а кај и да е ќе треба веќе втор оброк да воведам
Некако не ми е логично да е добро приготвено само со полевање со млака вода што се вели. Нели кога правиме за нас го вариме повеќе време за да биде зготвен за јадење.
@Jana06 како да го чувам месото, еве на пример денес ќе му дадам водичка од вареното месо, утре да му изблендирам во кашичката малку... колку дена е ок да стои во фрижидер?
Јас вадам смрзнато и го спремам за тој ден, не би знаела да ти кажам за во фрижидер. Инаку, можеш 10г да изблендаш, не мораш само вода.
Дали се добри овие овесни снегулки за бебе? И дали знаете колку грама е една лажица бидејќи немам кујнска вага?
Најдов домашен телешки бифтек па дека со сигурен квалитет ми е си зедов околу 3кг,подобро да имам долго време замрзнато отколку да купувам со лош квалитет. Па сакав да прашам како го замрзнувате. Дали свежо да си го исечам на парченца па да го варам кога ќе треба да и дадам или да си го сварам да го замрзнам сварено и само да го одмрзнам и да го блендирам кога ќе треба да јаде.
Јас варам околу 200 грама телешко сечено на парчиња и потоа ги замрзнува. Имам за 5 - 6 пати. Тука читам повеќето свеж замрзнуваат и само парче за еден оброк варат и го спремаат за јадење. Јас не јадам телешко и мн неубаво ми мириса дури се вари и едвај издржувам тоа дури го варам на 2 недели а не па секој втор ден да трпам миризба.
Јас проблем имам со ручекот. Не сака воопшто да го јади посебно ако е со месо. Со што друго би можела да го "зачинам". Ставам и кромид и лук и пашканат соодветно спрема јадењето и пак не сака да јади. Хелп За 2 дена прави 9 месеци.