Тие снегулки од ДМ што ги купив се без глутен, но на декларацијата пишуваше дека се без. Затоа прашав дали се тие, Батерфлај ме прашуваше какви се и да и' пратам слика, но го имав фрлено пакувањето, па си реков да ја тагирам да ги види твоиве ако се тие. Ѕирни што пишува назад. Инаку, на декларацијата на овесната инстант каша од Холе пишува дека е со глутен и посебно ја воведував. Овесот и овесните снегулки во списокот што ми го дадоа од Ремедика стои дека овесот е житарка со глутен.
Нема нагласено дека се без глутен,изгледа се само обични овесни од биолошко потекло... Значи треба да барам други... Или ако почнам со овие, дали тоа ќе значи дека воведувам глутен? 6+ е бебка, дали е рано? Ви благодарам за насоките @0ли и @Jana06
Докторката од Ремедика ми рече глутен од 8 месеци, јас воведов од скоро 7 месеци. Почнав со исхрана од 5 месеци и ако идев точно по табела еден месец ќе немав што да воведам.
Значи овие се други бидејќи на тие што ги купив, баш пишуваше дека се без глутен. Ги воведов прво тие без, па потоа од 7 месеци воведов глутен. Всушност, во тие овесните од ДМ без глутен мешав инстант овес со глутен. Ако не сакаш да воведеш сега глутен, мислам да си ги земеш од ДМ тие без. Давај такви, па подоцна ќе ги даваш овие што ги имаш. Секако ќе ги потрошиш, нема да останат така.
Јас од 6 воведов ручек, на 7 планирам појадок Почнав од 5 со вкусови, а имаше и денови кога бебе јадеше по 100гр, уште пред да воведам ручек
Па како што ве читам тебе и Јана, сметам дека рано е за глутен, ќе земам други од ДМ или Биокосмос утре, а овие секако траат, ќе ги искористам понатаму.
Мајки што се' воведовте од полни 7 месеци? Освен глутен и месо, што од овошје и зеленчук? Едвај чекам барем поразновидно ќе можам да давам за ручек, сега вртам само пашканат, брокула, морков...
Батат, компир, тиква, карфиол, кромид, ориз, тиквичка немаш воведено? Во седми воведов грашок, боранија, праз, спанаќ, телешко. Планирам и блитва, целер, лук, пиперка.
Ги имам сите тие, ама некако немам многу идеи за комбинации, ми се чини како само едно исто да давам хаха и јас па ептен многу сакам А баш тоа ќе прашував, за пиперка и спанаќ, значи тие ќе може после 7 да ги дадам. Па добро ќе имам доста ново за давање, плус овошје насабајле, доста разновидно ќе е
Не знам кај да пишам ај ове Во пакетче добив Лино пченична каша за 12+ ама дури доеме рокот ќе помине. Дали точно како што се пишува се даваат претпоставувам да,така? Ако се дава според кутија знаете ли кај можам да го подарам да не го фрлам ми е жал?
Има група мајки и деца на фејсбук понуди го таму или кај отец оливер храни многу социјални семејства.