Па тоа е од зеленчук за воведување, нема уште многу. Грав, леќа, домат, црн патлиџан, зелка - од прилика уште тие.
И ние денес ќе пробаме тиква прв пат малку ја обварив и ја ставив да се пече за да не ми одземе мн време печењеро
Незнам каде да прашам па ајде тука беба од кога почнавме вкусови од 4+ а сега сме 5м почна да ми одбива млеко да пие пие многу малку 120мл, 90мл само успан може да испие 150мл иначе нема шанси се трга, а вода или чајче си пие
@Jana06 мислам ти си експерт за житаркиве ама ако знае некој друг нека пише. Како правиш, прво ги вариш и после ги блендираш со направено ад млеко? Колку ад млеко ставаш?
Јас прво би ги киснела преку ноќ, па би ги варела. Потоа блендирање со ад од око, во зависност од густината што ја сакаш. Можеби првиот пат ќе направиш повеќе од тоа што треба, но ќе се испраксираш и после нема фрлање.
Јас досега само варена имам давано. Комбинирав и со зеленчук, но со јаболко или круша како за појадок многу ја сака.
Не знам дали е соодветна тема но ако треба нека биде преместено прашањето, денес ја прими втората доза рота после колку време би можеле да почнеме со вкусови? Не планирам секако уште една недела барем но дали треба подолго да се чека или доволно е една недела? И со што би започнале во овој период? На 16ти полни 5 месеци.
Замрзнат зеленчук (тиква, тиквица, брокула) дали директно ги ставате на пареа/варите или прво ги одмрзнувате?
Готви ги директно,за 5-10 мин се готови. @anitka-fifa можеш и печена тиква,уште повкусна е дека кората карамелизира при печењето. @crazylady за маџун ептен од некој проверен,или сертифициран .Често ставаат шеќер за да добијат на количина,иако сите кои продаваат тврдат дека е без.Јас сум од Кав,ако сакаш ке прашам и ке ти пишам лп.
Од 7 и нешто воведов. Замрзнати ми се, домашни. Или мислеше на замрзнатите од маркет дали ги користиме? Просо со вода и јас правам. Мислам дека е добро просото за хемоглобин, па не знам ни дали треба да се меша со млечни. Батерфлај мислам дека мислеше на оние житарки навечер што ги дава Јана, за вечера: пченица, овес, 'рж, јачмен. Директно варам.
Овесот сам по себе не содржи глутен. Често се преработува на исти места како и други житарки кои содржат глутен и се контаминира на тој начин. Затоа е важно да биде деклариран. Не може да биде деклариран како gluten-free ако содржи ни траг од глутен а не пак минимално количество на глутен.
Само просото го киснам преку ноќ, но не мора и тоа ако се свари убаво. Варам на тивко, покриено, а времето зависи од житарката. Ако се вари подолго и ако е киснето претходно ќе прими помалку ад, ако се вари малку колку да омекнат ќе се нацицаат со ад. Обично ставам 40-90мл зависи. Инаку, и само со вода може зашто да не. И јас гледам просото само сабајле да го давам со овошје ама го мешам некогаш и со млеко за вечера.
Opshto za zamrznat zelencuk ili ovosje...bidejki pretpocitam svezo ama ne sekogash se se naogja pa mora zamrznato cisto sakav mislenje okolu zamrznata hrana za bebe dali i kolku e kvalitetna i dali davate.