Знам, но нели свеж грашок и свежа боранија нема сега, па мора замрзната да дадеш. За киснење на житарките еве во таа хрватската група како се спремаат и мислам дека треба да се киснат поради фитинската киселина
Јас давам со вода, а сега почнав со ноќни кашички и ставам две лажички ад (инаку цицаме, не пие ад а и не сака да го пие)
Следната недела почнувам со вечера и сакав за вечера житарка со ад да давам. Така ми беше планот, да ги киснам, после тоа ги варам и ставам ад. Фала @Jana06.
По колку лажички се дава кога се пробаваат вкусови? Вчера почнав со 3 лаж јаболка на 4ипол месеци. Денес дадов 5 лаж и бара уште, зјае ја отвара устата се лути
Колку време ќе ги киснеш? Рано ми е за вечера да воведам, од 9+ планирам, но се спремам со информации.
Пченичниот гриз од кога го воведовте? И дали давате од овој, на него пишува дека е 12+, а во табелава погоре пишува дека може од 6м
Од утре почнувај со друго овошје препорачано за таа возраст. Пример круша.Ако гледаш дека има апетит гледај што е можно побрзо да воведеш оброк а за тоа да го направиш треба да имаш воведено доволно намирници. Ова е од моето скромно знаење, нека кажат и поискусните Едит, еве еден скриншот имам зачувано од Оли
Кисело млеко од кога водедовте и кое? Мислам читав дека од бучен козјак било најдобро, или можи и битолско?
И јас дојдов за ова прашање. Кое кисело млеко го користите? Јас давам од 7++ ама ниедно не ми го сака.
Па сабајле кога ќе се разбудам ќе ги ставам да се киснат за вечера. Зашто ако ги ставам од вечерта многу време ќе киснат, некаде слушнав дека не требало ни многу киснење зашто некои бактерии се собирале или така нешто.
И јас така читав, може да замириса лошо ако кисне премногу. Мислам дека е тамам наутро да кисне до вечера, иако вечера нели се дава 2-3 часа пред легнување и не се премногу часа. Моево ќе вечера во 15-16
Кога доручкува? Зашто моето станува во 9, доручек во 10. И ручек му е во 16ч после втората дремка. Знам дека е касно ама ако му дадам во 14ч пред дремката, нервозен е и не сака да јаде. И сега не знам вечера кога ќе давам. Инаку легнува во 21ч.
Да се уфрлам јас и да кажам дека конечно најдов начин малиов да ги јади инстант ноќниве каши..додавам какао или цимет и јади 150 гр.
Ако ти е вечера на пример во 19, доста растојание да не има меѓу доручекот и ручекот? Потоа ужинки ќе треба да даваш, ќе треба можеби малку да поместиш. Важно ми рекоа 2-3 часа да е растојанието меѓу вечерата и легнувањето. Заспива со цицање? Кај моево е вака... Станува во 6-6:30, цица и пие ад, па дремнува до кај 8:30. Доручек му е во 9-9:30. Дремнува околу 10:30 до кај 11:30, па ручек во 12-12:30. Дремнува и околу 15-15:30 цица и пие ад (тогаш ќе вметнам млечна каша за вечера). Цица и пие ад околу 18-18:30 и заспива со млекото. Најчесто е вака, со многу мали и ретки отстапки од максимум половина час.
Да, да со цицање заспива, ќе треба малце порано да му го поместам доручекот и ручекот за да има време за вечера. Ќе пробам од идната недела... Благодарам
И јас не би дала,особено на бебе,превриено грозје е,ништо не останува освен фруктоза и гликоза,гледам во групите на Фб го даваат ко имуностимулатор Не спорам дека е лошо како засладувач,ама дека е нешто особено корисен. @babyboy1 можеш и Ванила да дадеш во ноќната каша,ама не ванилин шеќер,туку баш ванила мелена.Во ДМ побарај,мали кесички.