Мајки, имам просо од Виталиа лупено. Дали и лупеното го оставате да одстои од вечер и за еден оброк со овошка заедно колку количина просо би ми требало?
Да, просо редовно киснам од вечер. Прво го мијам, па го ставам да кисне, па пред да го варам пак го мијам. А за количината зависи колку каша даваш. Житарки одат една третина од вкупната грамажа на кашата. Давам 180 гр каша, во неа 60 гр има некоја житарка. За околу 60 гр готово просо мерам со едно малечко филџанче, половина ми е мерката. Малку повеќе излегува и вишокот си го каснувам со сирење Соодносот просо-вода е 1:3.
А во фрижидер ги оставате да киснат или вака на собна температура? Некако шубе ми е толку саати да ги оставам житарките во вода на топло...
Во кујна во тенџерче го чувам. Таму навечер ич не е топло, затворам врата за да не влегува топло. Не е студено како во фрижидер, но не е ни топло како во дневна.
Добро така може. Денес првпат дадов просо, ама го киснев само утрово 4-5 часа, не го оставив преку ноќ баш од страв заради топлото
@WonderGuurl јас просото го киснам неколку часа само,секако е лупено. Еднаш го оставив преку ноќ и водата смрдеше ептен.Кај мене е топло,отворена кујна е,може затоа скиснало.
Вака си го замислив и јас синоќа, дека ќе ми се расипе и кај мене е доста топло Па затоа се премислив и го ставив утрово во вода
Имам домашно телешко, планирам денес да и направам, со ориз, брокула и сакам пиперка да и воведам.сакав да прашам од кога почнавте со домашно телешко?
Јас телешко давам од 7 месеци, кога нема мевце не ми ги јаде кашичките, ставам 50грама месо и комбинирам со зеченчук и оривче и ептен малку путерче.
девојки,почнавме со пробување вкусови. Сакав да прашам за пиење вода, нејке да пие, едвај 2 лажички, од шишенце не знае,ја џвака цуцлата, пробав и од чашка за ракија,не пивнува. Колку треба да пие вода и како да го натерам?
Во дм има со и без глутен. Тој што е без е посебно обележан на амбалажата, на лицето, пишува глутен фреи. Овој на сликава е со глутен.