Јас вчера воведов црвена пиперка ,3 лажичиња , зготвена со просо морков,пашканат . На 7мес и 3 дена ...ќерка ми тешко ја поднесе ! Ја дадов околу 17ч ,ноќта се будеше и плачеше. Денес не ја повторив. Што да правам? Да ја скокнам?
Па мислам дека не е нужно да ја скокнеш,само касно е 17 часот.Во втората половина од денот организмот се смирува,ова му дошло тешко за обработка.Затоа се препорачува млечно-житна каша за вечера. Гледај најкасно 14:30 да ви е ручек,а вечера кога ке воведеш околу 18-18:30. За пиперката,можеш и да ја излупип кога ке се свари пред да пасираш,јас така правев првите неколку пати.
Како толку рано заспива? Моево пред 22ч не заспала. Последна дремка гледам да е до 17-18ч . И од 20:30 почнувам со заспивање до 22 па и 23 ме наоѓа. Денски многу лесно заспива , навечер маки мачам .
Откако е роден заспива рано. Од новороденче цица и пие ад во 18, па си заспива. Имало будење ноќе за цицање кога беше помал, но одамна ја спие цела ноќ. Само еднаш го будам да јаде поради килажата, инаку тој би сврзал 12 часа Последна дремка му е до кај 15:30. Ако излеземе со кола, во седиште знае пак да дремне половина час до 17, но и тогаш си е заспан до 19 часот. Можеби звучи неверојатно, но има ред од прв ден дома кога дојдовме, претпоставувам поради пиењето ад во точно одредено време. Не правам отстапки и не дозволувам да му се поремети редот. Гледам сè да темпирам според неговите дремки, јадење и спиење. Во скок денските дремки му се пореметуваат малку, стануваат покуси, но ноќното спиење му е супер и во скок. Барем досега.
Па да, имам, плус што и сам знае да си игра, па можам да се искапам, да зготвам за него, да испеглам. Ноќе иако не спијам баш цврсто, сепак не е толку страшно и исцрпувачки.
Мајки среќни празници За некој ден полниме 5м и почнуваме 6ти и сакаме да почнеме сп воведување на храна па Ве молам за некој совет со што почнавте, како приготвувате подетално кое време давате, колку правите растојание помеѓу оброк и цицање? Мојата матична само ни кажа да почнеме о ништо подетално. Фалаа Ви однапред
Мене не ми е јасно, кога даваш нова намирница почнуваш со две лажички, и друго ништо не даваш? Цел ден само со тие две лажички?
@kjofti4 фала мајки Денес и дадов семолина 2-3 лажички ја правев по упатство но многу ретка ми искочи или таква треба да биде? Може утре со овошје некое да и дадам? И дали се мрзне батат и на кој начин?
Јас пример почнав со кашички готови од хип Оти не знаев како шо... пример и дадов од морков, па од тиква,јаболко,круша... ама сакам да и правам дома ама дека по две лажици си реков како ... е сеа ќе и дадам компир , банана можам и ќе и правам домашни
Јас така правев, само на млеко си беше тој период до 6 месеци, а пробуваше по 2-3 лажички, па вториот и третиот ден малку повеќе. Намирница по намирница и на 6 месеци имаше доволно пробано за да има еден оброк доручек разновиден и овошен и зеленчуков.
Што ви беше оброкот точно кога го воведовте? и дали 3 дена дававте од истата намирница, па потоа пробувавте друго?
Да, три дена иста и потоа следна намирница пак по три дена. Некои по два дена даваат, но препораките се три дена и се придржував до тоа. На 6 месеци оброкот беше 3 дена овошен (житарка 1 третина од вкупната количина на кашата и 2 третини воведено овошје), три дена зеленчуков (скроб како основа: ориз, батат, компир, тиква). Така наизменично. Ми беше погодено вака 3 дена овошје и 3 дена зеленчук бидејќи така можев наутро да воведувам нови намирници како дел од кашите. Продолжив по три дена овошје да воведувам кога беше овошен оброкот, а зеленчук воведував кога давав зеленчуков оброк. Потоа на 7 месеци овошниот стана доручек, а зеленчуковиот го давам како ручек.
Да, 120 беше, но постепено за да му се навикне мешето. Не наеднаш бидејќи претходно само по малку пробуваше. Батат, тиквичка, брокула; батат, тиквичка, карфиол; батат, пашканат, брокула/карфиол. Тоа што беше воведено од зеленчук вртев.
Освен спанаќот, има ли некое друго овошје или зеленчук кое не треба пречесто да се дава? (За спанаќов имам нешто читано, па ми останало во сеќавање) Но, ете брокула, пашканат и сл. Имам навика речиси во секој ручек да додадам едно тркалце пашканат и малку брокула Се замислив сега
Се трудам да ги ротирам, да не давам секој ден иста намирница. Добро, кромидот ми е секогаш присутен, рачунам дека во манџа оди секогаш.