Јас почнав со две лажици, и зголемував за две секој ден. Така ми рече педијатарот. Почнавме од 5 ипол месеци. Кога дојдов до 12/13 лажички, терав така едно недела дена, па потоа повторно почнав да зголемувам за по две лажички на ден. 12 лажички се некаде 50 мл. До 6 месец педијатарот рече да дојдам до 25 лажички а тоа е околу 120 мл. Јас од пред пет дена давам 120. Секоја нова намирница ја комбинирам со претходно воведените, првиот ден само две лажички, па следните два зголемувам. Никогаш не давам само две лажички. Се надевам правилно постапив.
Мој совет јас практикувам првиод ден кога правам каша од што и да е ја правам по течна тие се уште мали и да го вкуси вкусот а и се учени само на млекце кое е течно па да не му дојди тешко на мешето а и шок да незнај како да реагира да сезакашла.. Па вториот ден ја правам по густа и третиот Можеш утре да ја искомбинираш со што сакаш има во тема мени за до 1г има идеи од мамички со што ја комбинират ако немаш идеја некој ден... Немам мрзнето до сега батат а и само еднаш имам дадено за проба..
Секако е океј, не се грижи. Баш постепено си зголемувала количина. @stoimanovskamarija Батат сечам на коцки и свеж го мрзнам, па после само ставам да се вари.
Мајки, денес дадов прв пат месо, младо телешко варено со зеленчук, дали треба и утре да му давам? И колку пати неделно? Другата недела сакам да му дадам малку жолчка. Кога воведовте жолчка? А пилешко уште незнам какво да му дадам. Еднаш имаше во готова каша на хипп пилешко ептен ми беше гадна кашата и не му ја дадов. Дали да земам стек? Немам домашно.
Велат дека пилешко ако не е домашно, да не се дава рано. Како и сè друго, телешко воведував три дена по малку. Давам 6 пати неделно по 30 гр.
Секој ден варам заедно со зеленчукот. Жолчка не сум дала уште, 8+ е. Кај да е ќе треба да ја воведам. Сега прво пилешко ќе дадам, имам домашно, па после жолчка, млечни.
Јас свежо имам замрзнато, секој ден варам. Како и да е, зеленчук мора да се свари, па месото го сецкам на ситно и заедно со зеленчукот се вари, ептен брзо е. Жолчка денеска прв пат дадов 8+ е.
Денеска му дадов осмина пред самиот ручек, само жолчката без да ја мешам за да го осети вкусот. Ептен му се свиѓаше. А следно планирав да му ја измешам во ручекот, со банана знам иде во комбинација или кисело млеко/јогурт. Само Марина не ми објасни баш убаво во детали ама од тоа што ја сфатив осмина, па пауза, четвртина, па пауза, половина и така до цела жолчка да стигнеме. А тука читав скоро цел месец се воведува, сега не знам што е правилно и дали реално има толкава потреба толку долго да се воведува.
Па ништо конкретно не ми кажа. Јас планирам преку 2-3 дена да зголемувам и после да ја давам цела во ручек. Само не знам дали е во ред еднаш неделно. Планирам за една недела да го носам малиот на контрола и ќе прашам.
Супер е ова, баш како што планирав. А белката кога планирате да ја воведувате? Зошто кај нас е толку покасно, а во другите земји се воведува цело јајце? Сега гледам од 8ми месец скоро се воведов, 9ти има малку за воведување, ќе треба рецепти да барам за комбинации.
Ако му имаш воведено млечни производи, јогурт банана и овесни снегулки, јогурт банана и просо, гриз јаболко и бисквити, палента и јогурт
@Jana06 @0ли Ова го имам симнато за воведување на жолчка, веројатно од тука ми е, од некоја членка, ако може да ви помогне