Колку отприлика го вариш местото така ситно исецкано ? Нам се уште ни е рано, но да си знам за понатака.
@Jana06 и белка воведов 8+,сега веќе на 9+ ке дадам и омлет за доручек,исто и мафини и палачинки за бебе планирам да правам.
Како воведе мислам дали може во каши да ја мешам пошо уште блендираме нр знае да џвака сам а полн со заби е...?
Дадов кифличка,содржеше јајце а и беше премачкана плус.Ептен и се допадна. Можеш да згмечиш слободно во каша. Кај мојава жолчка со палента не пројде,ич не и се допадна,кога запечати уста..
Ја воведов белката одма после жолчката, нема потреба до толку да се чека, само кај нас во МК незнам зошто толку се чека за се. Веќе давам омлет, палачинки, тарана и други комбинации со јајце.
Жолчка јас воведов вака Прва недела- Понеделник 1/8, вторник пауза не давам ново, среда 1/4 Втора недела- Понеделник 1/4, вторник пауза не давам ново, среда 1/2 Трета недела- Понеделник 1/2, вторник не давам ново, среда цела жолчка Гледав на различни страни, прашав тројца педијатри, сите различно кажаа. Па некако ова ми беше најлогично. Утре е трета недела за синко. После ќе воведам и пилешко домашно и телешко и ќе почнам и млечни. Што мислите која марка јогурт/кисело млеко се најдобри? Се мислам помеѓу бучен козјак и јока.
Нутриционист ми има кажано дека Бучен Козјак е најдобро и само тоа го препорачува. Се мислам дали да земам домашно млеко и да правам сама кисело. Што мислите? Безбедно е?
Ајде да ја сефтосам и оваа тема Од вчера започнавме со вкусови. Вчера поминавме со подој по пробување, денес понудив вода, арно ама синко се загрцна на втората голтка. Со вообичаеното шише со цуцла му дадов, (Томи типи антиколик). Од негде втор месец му немам дадено шише, можеби е навикнат да си го контролира млазот самиот додека цица, па сега од шише му дојде многу? Понудив пак и ми направи фаца, знам дека треба да очекувам да не му се допаѓа и да ми ја одбива, но прашањето ми е како да му нудам поуспешно? Нужно ли е да давам вода по секоја цена сега на почеток? И нели би ризикувала да ми се одбие од цицање ако ја засака водата со пиење со цуцла? Дали и кога е ок да се понуди вода од шише со клунче? (Да напоменам, кашите гледам да се потечни секако.) Прашања што ме мачат А, да. Педијатар ми рече при крајот на првата недела да имам воведено прв оброк. Вие кога воведовте прв оброк, а кога втор итн.? Синко е лаком и не верувам дека би имала проблем, си сака да јаде, се возбудува и се смее на глас
Да, во Мк и јас така знам дека Бучен Козјак е со најдобар квалитет, е сега ако го форсираат и не лажат нека им е на чест Инаку, Алпско е на љубљанска млекара и е врвен квалитет пошироко на балканов. Јас сирење мислев да му правам ама немам време. Можеш кисело млеко зашто да не, ако имаш време и желба.
6++ сме, овие денови му давам праз и добро проаѓа. Не следам готвачи,интернет или било што др за рецепти. Сама ми правам комбинации и бебенцето до сега не ми најде маана . Од утре сакам да дадам авокадо. Дали го варите или на др.сварени овошки го додавате пред блендирање? Имам пријателки што веќе не варат ни крушки ни јаболки а децата ни се иста возраст,јас се варам. Веќе им даваат пасирано. Се мислам дали да почнам да пробам ама некако уште ми е рано.
Авокадо јас давам со банана и двете заедно ги блендирам без варење. И имам дадено и со круша. На почеток ја варев крушата некоја минута а сега дирек блендирам.
Авокадото се дава свежо, не се вари. Ако го вариш ќе го расипеш. Исто важи и за возрасни се јаде само и единствено свежо. И јас варев јаболко и круша на почетокот сега веќе не. Со варењето се губат сите корисни работи.
Жолчката за прв пат ја дадов со палента и кефир, после некое време цело јајце ставив во палачинки со сладок компир (батат). Многу лесен рецепт: Го лупиш слаткиот компир, па го вариш. Кога ќе се свари, го гмечиш дури да добие смеса како пире па додаваш цело јајце и ги мешаш да се соединат. Тавата можеш да ја намрсиш со маслиново масло, и со лажица обликуваш мали палачинки. И Обавезно врти ги од двете страни. Брзо и вкусно.
Почнавме со дохрана 4 +, и тоа немаше пробување вкусови, туку одма кркање на велико. Од 5ти како напуни, и појадок воведов. Е сега иам мака, значи сака многу да јаде, сака вечера, стрвло е. И му дадов еден ден, спокоен среќен, другиот ден без вечера, абе ме искина цицајќу цела ноќ, 4 пати, он од бебе ноќта си ја преспива, еднаш макс двапати си цицаше.. Ќе го носам на контрола деновиве, ама дајте да чујам Ваше искуство