@Dana31 да ти кажам ич не ми текнува... Можеби околу средина на 7 месец. Сливите ми се замрзнати и нив ги варам уште а јаболка, круши не.
Моето цица,вода со лажичка давам по малку и околу 10 лажички.Од претходно искуство близнаците почнаа вода да пијат и бараа после 3 воведени оброци,но они беа на ад млеко и немаше проблем со пиење од шише само со цуцла помал отвор или ако се 6м цуцла 3 месеци и еве ги 2 год никако да ги одвикнам од шише.Пијат вода и од чашки и од шишиња мали за вода оние со цуцла на јана но дојде ли време за спиење без шише нема шанси.Затоа бебчево решив со лажичка, па после од 8м или кога ќе седи самостојно во хранилка со мала чашка оние за ракија и после обична чашка така ми е планот па ќе видиме.Прв оброк откако тие воведен за втор оброк 3 до 4 недели .
Леле ако нема отстапки во килажата немој да го будиш.Близнаците се по 2кг родени исто ги будев за млеко во 3 часот сабајле.И еве 2 години и 2 месеци е заспива во 20 или 20.30 ама во 3 мора да стане и чека млеко
Добивме и ние вакви смоки во новогодишните пакетчиња, прочитав дека се 100% пченка, од кога почна да ги даваш? Лесно се топат во уста?
Јас почнав од 7 и пол месеци и ние тогаш ги добивме во пакетче инаже не ми текнало да купам..Лесно се топат, на почетокот му кршев мали парченца и му ги давав јас, а сега му давам цела смока и сам си јади
@Jana06 јадранка вака кажа: вторник и сабота 1/8, потоа истите денови 1/4, потоа 2/4 со 1/4, па 2/4 со 2/4 и потоа цело јајце. Денови кога даваш жолчка да јаде пилешко/мисиркино.
Баш тебе еднаш те прочитав за смоките ми текна, ми требаше мирен да седи некое време и да го лажам со смоките и го пратив мм до аптека, се врати со тие што ги сликав со пармезан 1-3 години. Не му ги дадов, баталив. Јас варев овошје само првиот месец, после тоа давам свежо, зеленчукот сеуште го варам. Мислев дека деновите кога се дава жолчка, не се дава никакво месо. Ок, фала ти на одговорот. Инаку, вчера дадов првпат и денеска видов ептен ситни црвени точки кај слепоочницата. Можно е да е од жолчката да ја паузирам или не се појавува таму алергија?
Искрено не знам. На мојов не му се појави ништо. А за смоките и јас по грешка ги купив и не знам дали да ги дадам. Мислиш ради пармезанот?
После пробување вкусови обавезно цицање секако додека да воведете оброк. Нуди и водичка после секое пробување обавезно за да створиш навика без разлика дали сака или не. На почеток е нормално да не сака, само трпеливо. Мој совет е да не даваш вода во шише, јас давав прво со чаша со клунче (повеќе се лигавеше отколку што пиеше) и почнав директно со чаша за ракија. На почеток мокар беше стално, му течеше од страните ама се научи за брзо и сега после оброк пие 50мл на екс. Трпение само, нуди обавезно и со тек на време ќе си пие. Оброкот јас го воведов кога синко сакаше. Брзо беше зашто и мојот е лаком, не форсирав ама не му ни скратив. Го воведов кога успеа да изеде 120гр, сам си диктира цело време, исто беше и за следните оброци. Давај му вечера ако се поминати барем 2 недели од првиот оброк. Штом сака да си јаде не му скратувај. Само јас би идела прво со ручек, па на крај вечера или можеш ручекот да му го даваш накај 17h да биде покасно ама не пред легнување. Па да, пармезанот е солен колку што знам, а и на самите смоки пишува од 1 до 3 години.
Кајсии,праски,круши,сливи,спанаќ,праз,пиперки,брокула и итн се имам замрзнато од летото додека бев бремена. Моите имаат бавча во која ништо не прскаат (само поради децата) и сега како доаѓа време,едно по едно почнувам да му давам. Морам малку барем да ги проварам. Барем колку да се размрзнат и провријат. Вака е многу лесно (кога дома имаш избор) и економично. Кашите во маркет ги гледам само колку да добијам идеја со што се комбинациите. За Н.Г добивме мн паќетчиња и за него,на Holle и Hipp ама ништо од тоа за сега не давам. Поради коронава си имаме време се да подготвиме. А во врска со заспивањето,да бидам искрена не ми пречи ни тоа што го заспивам во раце или количка. Првото дете веќе ми е ученик,свесна сум колку брзо поминува времето и на ова сега сум му посветена максимално. Образите ке му ги изедам од толку цунки што му давам во текот на денот. А толку што му зборам за роденден Happy birthday сам ќе може да си пее . Само да се живи и здрави.
Морав да давам, не качуваше килажа без ноќно јадење, па педијатарот ми рече така да правам. Знам дека има опасност да се научи, но што да правам.
@Jana06 има појадок и ручек, затоа викам многу му е и вечера. Ете,синоќа му дадов и вечера, цела ноќ си спиеше дури у 7 сабајле цицаше
овој гриз одкога почнавте да го давате?? Имам пилешко домашно планирам да и воведам на 7 ипол месеци па од 8ми жолчка