Имам неколку тикви.Сега видов дека неколку почнале да се расипуваат. Па сакам да ги иссечам на коцки и да ги замрзнам. Дали свежи или да ги подварам. Или не се замрзнува тиква
Можеш да замрзнеш, јас на почеток обавезно ги подварував 4/5мин по препорака на нутриционист ама пред некое време дадов и директ замрзната без бланширање.
Мајки, што правите кога детето не сака да јаде, дали понудувате друга храна? Ние сме на доење, досега немав некој голем проблем со јадењето си јадеше, ама сега откако избиваат горните кецови не сака, јаде 2 3 лажички и толку. Ако му дадам чоколино, тие сите каши ќе ги јаде без проблем ама не сакам само тоа да јаде.. банана не ми сака ама ич 10 месеци е и имаме 3 оброка, можеби од забите е така или период?
Ја оставив со маж ми излегов 1 саат, ќе го отепав и даваше пудинг на нестле за 6+ со гриз и ванила тоа малку не го дојаде, јас не дадов а бебето се расплака секога здригање мириса на ванила. Цело време се тресам да нема некоја реакција
@MinnieM мојата не јади исто така.. Убаво почнавме ама сега ептен не сака да јади... Ако давам овошна каша домашна и не ја сака некогаш менувам со готова, па колку толку ке касни некој залак, а зеленчукот со месо не го сака па сега оставам дел без месо па прво го нудам тој со месо барем некоја лајца да јади па потоа тој без месо. Колку толку да има јадено нешто. Многу е мачно... Мојата тие чоколина ич не ги сака, од ноќните ги јади само готовите во тегле што се.
Денес педијатар ми кажа во рок од една недела, на синко да му воведам жолчка. Синко е 7 месеци и 10 дена. Со што можам да комбинирам жолчка?
Јас воведов веќе, оваа недела ни е трета како пробува, а денес е точно 7 месеци. Ја давав сабајлечки во комбинација со банана, гриз и банана, палента и круша.
Јас сега го дадов на 8м. Претходно имав други комбинации и не стасав да го воведам иначе би го дала и порано.. Јас тиква свежа ја сечам на коцки и ја замрзнувам, па ја варам со останатите намирници пред да ја давам..
Може ли да се даде млечна каша како замена за ад? Не сака ад во 12-1 да пие, и направив семолина 1 лажица
Од се набројано само авокадо е погодно за 5+,останато чекај. Кромид и карфиол се 7+,не мора да брзаш со нив,и за спанаќот не пречесто на почеток оти спаѓа во високо нитратен зеленчук. @Chuchanov Зошто не би можело,само понуди вода или чајче после тоа,ради внес на течности. @malecko5 урми 8+.Свежи(оние помеснати),провари ги прво да им излезе лушпата,дебела е. @Jana06 не знам без пециво,ке биде како камен таа проја.Ако најдам нешто ке ти пишам.
Кокосово масло е ептен нездраво и за возрасни, а особено па за деца, преполно е со заситени масти, покачува холестерол, покачува триглицериди, не е здраво за срцето, давај му маслиново, доволно е.