Само Алпско би дала од овие кај нас, евентуално да одам до Дм да видам што има. Ад досега Аптамил купував ама ич не го сака. Баш деновиве се мислев да земам baby love ама и свеки ептен напиња за кравјо, според неа би го пиел тоа. Ептен, ептен ми е преку глава да ме гледаат сите напреку кога кажувам дека не пие млеко, си викам може јас грешам
И јас го ставам наместо маслиново во ручекот, има прилично неутрален вкус така да со сите комбинации оди. Ја блендирам кашичката и на крај додавам гмечено авокадо 3/4лажички. Палента, брокула и авокадо Ориз, брокула и авокадо Компир, тиква, кромид и авокадо Батат, тиква и авокадо
Зашто вечерата му ја давам 3 саати пред спиење (житарки со ад) и пак е гладен пред заспивање. Обично не цица пред спиење, а и да цица немам млеко како порано во млазови за да го засити. Пробував неколку пати ад во шише пред спиење и не го сака. Ми се буди многу ноќе да цица, си мислев ако испие шише млеко ќе спие помирно. Сите мислите не за кравјо? Да пробам baby love тогаш.
Ти си знаеш, искрено до година и јас не би дала кравјо, читав имаше многу коментари и во таа соба за доење беа против
@Jana06 јас мислев за во каши,не за пиење.И овде кај мене важи таа препорака,после 12 мес смее да се пие,но за подготовка на млечно-житна каша навечер 100мл млеко со 100мл вода не е никаков проблем.Ете во Мк читав даваат павлака и сирење несолено и урда,овде не се препорачуваат. Околу гладта.Ако мислиш дека не е сит навечер,зголеми хранлива вредност на порции во текот на цел ден,со акцент на здрави масти и протеини.Во доручекот стави по едно лажиче мус од бадем(богат е со гореспоменатово и плус калциум има),по малце путер во зеленчуковите каши(не пречесто),авокадо,масло од репка,маслиново,ленено.. Јас повеќе форсирам зеленчук,големко бебе е мојава па неќам да ја збуцкам со овошје и житарки.Млеко цица и имам многу,9+ е,а сеуште кога цица ми тече и од двете гради
Браво, машала. Јас немам млеко, имам колку да цицне ноќе и да презаспие. Млечни воведов ама не сака. Путер поретко ставам, маслиново обавезно, месо 5 пати во неделата по 50гр. Супер си јаде, се заситува, само ова навечер ме мачи. Ај да пробам со авокадо тогаш, ма да мислам си сака мал оброк пред спиење, може навика му е дека јаде пред денските дремки. Друг проблем се појави. Од дете што јаде строго мазни каши и се гади од најмала трошка, сега плаче од кашите и сака сам да јаде парченца. Ова најчесто за ручек се случува. Мене ми е уште ново и таман се уходав со кашите, сега се мислам да почнам со парчиња. Да му спремам стандард ручек и наместо да блендам, да му ги исецкам? Месото како да му го давам? Мислев да пасирам ама целта му е сам да зима од тањир.
Исто и кај нас беше случај. Почна да ми џапа лажиче,тањир,да се интересира за мојата храна.. 1/4 од ручекот ѝ го давам исецкан по BLW,супер јаде се.Месо не сум дала да грицка,но ко што читав не е проблем да го соџвака и без заби(да е на конци исцепкано,не сецкано). Во меѓувреме ја хранам со лажиче,или и го оставам во тањирот наполнето,само го зема. Да знаеш дека многу се прави лом,има да се изначистиш Ако имаш тепих/паркет под столчето,добра заштита е пластична/силоконска подлога за канцелариско столче,полесно се брише.
Најниска граница за кравјо млеко е 9месеци до 1 година. а пак оваа препорака не е за во целост да замњни цицање или ад. Не дека е нешто прелошо кравјото само не содржи доволно железо и какциумот што го содржи го апсорбира железото и може да стане анемично затоа треба најмалце 9 месеци да има. А и после тоа треба да се види со доктор Ама никој не гарантира дека ќе ти го прифати чим ад не прифаќа. Дај му да проба баш види дали ќе сака - јак ми е советот
Баш Сајковски збореше дека после 2 години да се даде Кравјо/Козјо баш од таа причина ради анемијата али пак од дете до дете на некое и ништо нема да му биде
Па 2 е многу 2 години ли ад да купуваме Секако бебе ако си е здраво и си внесува се што му треба преку храна итн
Кравјо, алпско најчесто ама суж дала и битолско.. @Jana06 пробај го и холе,как нас тоа се погоди повеќе од аптамил, не го сакаше аптамилот а и проблем со столицата имаше од него..со холе супер напредува.. Јаа свекрвами ако ја слушам сега треба да јади грав малиов и тоа со запршка со се..
Каде го купуваш и која цена е? За свекрви морам да кажам дека капа симнувам за трпението на сите што живеат со нив. Јас некако ептен сум лабава и само се смеам на секоја нејзина идеја ама тоа дека одамна кренав раце од нашиот однос. Инаку, 3 дена сме на гости и ме моли сол да му ставам во кашите. Тој мака мачи со забите и ручекот со плачење го јаде, а таа на секое ми вика не ги сакал кашите зашто биле без сол Му правев прееска проја (рецептот @MikicaBt што го пиша е одличен) и пробува таа и вика Убава е ама да имаше сол ќе беше поубава Многу се нервира зашто не ја слушам.
Аууу да, како заборавив тоа. Оние џиџи миџи не знам како се викаат точно бисквитите да му ги давам со млеко навечер, полни биле витамини Имав 300 планови да шетам со другарки, а таа да го чува попладне ама сега нема шанси. Кога ќе се вратам сигурно со баклавата во блендер ќе ги најдам.