@dunika @BY<3 Вие две знам имате воведено цело јајце на 8 месеци. Му дадов во палачинка цело и сега после колку дена можам пак? Мислев следно во проја да му ставам и понатака како да му го давам додека да почнам варено или омлет?
Можеш во деновите кога не даваш месо, да даваш јајце за почеток, после можеш и почесто да даваш. Ако приготвуваш омлет можеш со сецкана и малку обарена брокула заедно со јајцето пример, можеш да го комбинираш со кисело млеко, грчки јогурт или кефир. Варено имам дадено со палента и кефир засега.
Добро си направила.Јас би дала за неколку дена,еве просек 1 јајце неделно.Во проја и палачинки е секако во мала доза,не би требало да е проблем.И не во ист ден со месо.
Дека мала доза затоа почнав со палачинки и следно во проја. Тоа веќе знаев дека треба поретко и во ден без месо, но прашањето ми е кога е безбедно да му дадам варено или пржено зашто директно јајцето ќе го јаде, нема да биде ублажено со тесто. Пример дали овој месец да го давам во каши и теста, па нареден месец да го дадам директно или можам уште одма? Како направивте вие? И како ги пржите, нели не се пржи на маслиново или? На малку путер може да му направам кајгана?
@Jana06 го матев јајцето со малку млеко,па пржев на лажица маслиново на средна темп.Можеш и на путер. И можеш одма,ако си одлучила за цело јајце пред 12 мес
Мајки дајте некој рецепт за мафини од проја но само со жолчка бидејќи белка не сме вовеле сеуште. И дали може да се даде жолчка со урда испржени на маслиново масло? 10++ сме
https://www.hipp.mk/dopolnitelna-is...shi-za-dobra-nok/hipp-bebi-biskvit-so-abolko/ Оваа кашичка од кога може да се дава?
Јас прво во тарана го дадов, цело јајце содржеше. Видов дека нема реакција па дадов варено со палента и кефир заедно, па после некој ден дадов омлет. Штом немал проблем досега не би требало да има. Јас обично со малце маслиново, на нелеплива тава пржам. Можеш и со путер исто
Оли јас колку што читав јајцето не е некој преголем извор на железо, така да зошто да не. Плус ако нема проблем со железото не гледам причина понекогаш да не се меша. Секако ретко се дава јајце на почеток.
Мајки, читав овде доста, добив некоја претстава за пробување и воведување и знам дека зависи од дете до дете. Ќе пуштам бебе во градинка со полни 8 месеци. Прашањето ми е што ме советувате - кога да почнам со воведување и оброци за на полни 8 веќе да има 2 оброци? Претпоставувам треба 2 оброци да има во градинка..? Сакам да почнам најдоцна што може односно 6+, па мислам дека е доволно бидејќи би вовела 1 оброк после 1 месец и уште еден после 3 или 4 недели. Ве молам за мислење и совет?
Кај нас во градинките имаат два оброка и две ужини. Ама зависи и каква градинка. Кај нас не дозволуваат ништо од дома на пр наместо ужини млеко да му даваат , туку како е менито за сите така, моето со полни 9 ќе тргнува и со сличен проблем се соочувам.
Ептен ми е мисла јадењето во градинка и уште од сега психички се спремам, а 3++ сме. Зарем и во јасли 2 оброци и 2 ужинки? Може ли измолзено млеко да носам да даваат знаеш?