Јас сум од штип во нашите градинки не дозволуваат ништо да однесеш ни вода ни молзено ни ад ништо. А во јасли менито е со два оброка и две ужини е сега ужините се некогаш овошна каша некогаш компот чај различно ама пак... Ние сме 5 месеци и ств сум многу загрижена како ќе биде и што да правам. Почнав сега нема една недела со вкусови... Аа до 9 треба седа има пробано им даваат и грав јајце пудинг исто мени за дечиња од 9м и 18 м незнам што да кажам. Нема приватни градинки кај нас.
Според мене ако веќе оди во градинка на 8 месеци треба да има барем 2 оброци и ужина. Ако почнеш на 6 месеци и ако е јадач, за брзо ќе почне да јаде оброк и мислам дека до 8 месеци ќе можеш да воведеш доручек, ужина и ручек. Не знам колку саати планираш да биде во градинка ама еве да речеме од 8h до 15h, малку би биле само два оброци. Јас почнав од 5 месеци со пробување заради течни и слузави столици и тоа првите 10 дена беше на оризова вода, па сега на 8+ има 3 оброци и ужина.
Почни на 6м со доручек зависи кога ви почнува денот.Пример моето бебче се буди окочу 5 до 6 часот тогаш цица и заспива до 8.Во 8.30 ние доручек.Ако си јаде кашата брзо се прилагодите за 3 неделу до месец дена ќе воведете ручек.После месец дена вечера.Ужинка нека биде прв пат воведена и во градинка.Јас почнувам со работа кога ќе биде 8+ и ужинките ќе ги оставам за тогаш ,ќе го чува мајка ми она да му ги воведе.
Дали имате од тие готвачи за бебе блендер и пареа во едно, вршат ли работа за побрзо готвење и практичност? Почнувам со работа од дома баш тие месеци кога ќе воведувам оброци па се мислам што ќе ми помогне да можам побрзо да готвам додека работам
Пашканат свеж исецкан на парчиња. Брокула и карфиол бланширани 3 минути, ги ладам во студена вода, па малку на табака да се засушат и во замрзнувач.
Мајки за неколку дена правиме 7м сакам да воведам глутен, месо и млечни производи. Како ги воведувате дали има временско растојание од воведувањето на едното до другото? Сакам да воведам и 2 оброк. Што најчесто давате за доручек а што за ручек?
Мајкии совет..Ми донесоа младо петле, исчистено и замрзнато, е арно ама свеки не го прибрала во фрижидер и се одмрзна и сега незнам што да му правам да го сварам и замрзнам? Или пак да го замрзнам живо? Илии да го печиме за нас.. Дека рднаш одмрзнато сега незнам пак дали смее??
Глутен воведов со готова кашичка, месо пилешко,па телешко па мисиркино..така имав и затоа така ги воведов не дека следев правило Од млечни освен кисело млеко сеуште ништо немам дадено..Иначе давам алпско или битолско За доручек давам житарка со овошје, за ручек зеленчук, или зеленчук со месо
@babyboy1 поарно свари го и евентуално да замрзниш варено за бебе или ако нејќиш така вие јадете го. Јас не би го замрзнувала пак.
Колку цимет се става во кашичка? Дали зачините ги давате по два/три дена? Дали може и оригано да дадам за 7м?
Не ги воведував зачините јас по 3 дена, цимет ставам многу малку, незнам да ти кажам вака колку.. Оригано дадов јас на 7, и му го додавам најчедто кога му правам телешко со шпагети..нешто како болоњезе сос, само моја верзија