Кога прв пат воведовте месо на колку месеци? Случајно видов на Холе кашичките пилешкото е од 4 месеци не е рано малце?
На врв на лажичка? Како ги јаде шпагетите? Ги сецкаш па ги даваш со лажичка? И дај рецепт за болоњезето
Здраво девојки Не сум многу активна, дека немам време, сама сум со близнаци и ми е презавабавно . Многу ми недостигате сите, кога можам отварам и ве читнувам имам едно прашање почнавме со дохрана на 5м сега имаат 6м. Веќе имам воведено ручек додека овошјето сеуште го пробуваат ( им останаа уште 2 овошки па здравје ќе воведам за 10тина дена и доручек ) Дали безглутенските житарки ги пробувавте како останатите намирници или веднаш ги воведовте? Имам само ориз воведено ( со 2 дена пробување ) но сакам малце да убрзам Воедно уште нешто ми текна ... бидејќи се двајца и кога ќе станат сабајле 6,6и30 - 7 ч ми стануваат гладни нормално и се кенкави и плачат а јас додека им го спремам доручекот ми треба пола саат сигурно и настанува хаос ...., до кога можам да им давам на прво станување млеко па потоа следен оброк да е доручек ? Односно дали веднаш е подобро да им го тргнам утринското млеко и да давам доручек или како да направам? Сметам дека се уште малечки да им кратам толку млека уштр од сега :/ ако им го скратам и тоа млеко ќе ми останат само на 2 млека од по 210, 240 мл... Знам дека и тоа е целта да се намалува млекото но некако ми е рано.. Дајте ми совет. И тие што даваат АД дали даваат помеѓу доручек и ручек или ручек и вечера АД како ужина или не пошто овој период е прелаз кога се јаде само зеленчук, некако како да ми огладнуваат побрзо и се кенкави од ручекот до млекото што го пијат пред спиење? До душа кога ќе им воведам сега и житарка ќе ги држи повеќе ........хмм
Ги чувам во сад за шпагети немам слика сега, ама од виталиа се пченкарни безглутенски..А шпагети земам од био космос исто пченкарни.. На врв на лажичка да, ама ептен на врв Болоњезето го спремам вака.. Кромид рендам и морков исто и ги динстам на вода да омекнат (прво морковот оти побавно стасува) Додавам пола шери доматче и мелено телешко и оставам да си крчка додека не сметам дека е готово месото пред крај додавам малку оригано и после го блендирам, а шпагетите сварени ги ставам на кратко во блендер ама не да ги направам каша туку само да си олеснам да не сецкам или гмечам со вилушка После мешам се заедно и крка малиов ЕДИТ:Додавам и маслиново масло пред да крка
Мојов уште пие млеко па после 2-3 саати доручек..па млеко па ручек, млеко па вечера и пред спиење пак млеко.. 8 и пол месеци
И сега кога ќе воведеш ужина ќе му кратиш по едно млекце така? На АД е претпоставувам?.. Ти ги јаде оброците не е најаден од млекото? По колку мл пие ? На колку саати му се оброците и млекото измеѓу ?
На Ад е да..со ужина ќе му кратам млеко..Јаде од 150-190 гр оброк, а млеко пие по 170мл, измеѓу поминуваат од 2-3 саати некогаш и 4 па не пие млеко зависи кога станал и заспал
Му дадов банана на бебе, како при blw што даваат. Ја лижеше и после тоа гризна. Ама парчето што го гризна го голтна цело, не го џвакаше. Дали е мал сеуште(има 7месеци) или како да го научам/стимулирам да знае дека треба да џвака?
Од Виталиа @elimkd макароните откако ќе ги сварам ги ставам во блендер со месото, морков, кромид, тиквицата и домашниот кечап и само на сец блендам два пати, да се соедини. Значи не блендам скроз, туку да има мали парчиња.
Пилешко сега и дадов на 7 ипол месеци од Холе, па ќе продолжам со домашно, а телешко една недела пред да наполни 7 месеци
Препораката на мојот педијатар е секогаш кога ќе стане прво доење или ад пoсле 2 до 3 ч доручек. Кога веќе сум тука батат со што комбинирате?
Ми помина време за редактирање-пак да препрашам, домат од кога дадовте и урми како ги спремате? Дали свежи или ги обарувате и колку се дава како за почеток? Мислам @dunika имаше пишувано за урмите ако не се лажам