Ги ставам пресечени на пола во вода да се сварат кратко,и притоа им излегува лушпата,ја тргам,па во истата вода ставам лажица-две гриз и варам на тивко со саканата густина.Многу ја сака комбинацијата. Домат накај 8 дадов мислам,од готова кашичка,паста Бамбони на Хип.Многу се прскани и третирани доматите па вака некако посигурно ми беше.Немаше реакција.Свеж не планирам до сезона да дадам.
Батат бел имам дадено со јаболко. Синко прв пат денес изеде 125гр., ако не и малку повеќе. Не мерам точно, отприлика гледам според тегличките на Хип. Пасирав цело авокадо (просечна големина) со 1/3 банана. Речиси цела ја изеде, да оставев сигурно ќе ја дојадеше, но ми беше страв да не му падне тешко. Дали можам да сметам дека еден оброк сме вовеле? Колку грамски оброк се смета за воведен? Дали денес да почнам со воведување втор оброк и ако да, дали би дала нешто веќе воведено, затоа што авокадото денес прв пат го дадов? Знам дека многу прашувам.
Ад млеко давав зависи до 7 часот и зависно од тоа 2 часа разлика па доручек.Доручек овошје со житарка,ручек зеленчук со житарка.Имаше период кога беа поспани одсабајле па доручек ни беше во 11 па ручек во 14.Претежно вака правев моите 5 до 6 денот им почнува и 6 ад,8 доручек,11 ад ручек 14 и млеко во 17 и 20 часот пред спиење.Рано заспиваа и еден период вечерата ни беше од 17 до 18 часот.
Разлика од еден до воведување друг оброк треба да има 3 до 4 недели.Количина на храна за почеток како оброк 90гр е доволно.Бебето мое и со 50гр беше сито првите 2 недели а сега за месец дена доручек 150гр јаде.Прати го детето и се што е ново пополека еден ден 50гр па после зголемувај постепено.Нека се навикне доручек да јаде па после ручек.Исто и за ручек кога се воведува првите денови помалку.Јас си мерам тегличка од лино мала 130гр е и од хипп голема 190гр.Еден месец како јаде ама покрупен е роден и за месец дена со доручек и цицање 1400гр има качено и повеќе од 150гр не му давам.
Други денови јаде токму до 100гр., ама денес ме зачуди, па затоа прашувам дали се смета како воведен прв оброк. Инаку секако почнавме малку по малку, ама има апетит, досега фала Богу ништо не ми одбил. И се уште не сум скратила подој, си цица како и досега. 12 ден од прво пробување ни е, прептоставувам нормално е што изеде повеќе денес, не значи дека и утре би јадел исто 125+гр. Сега за 5 дена ќе се мериме на вакцина, па ќе видам како напредува, не сакам ептен да се збуцка, ама лаком си е.
Се залетав утрово од оваа кашичка да му дадам, дека гриз внатре малку, ајде си велам и глутен Ставив во чинивче, и гледам потоа позади АНАНАС меѓу другото И се предомислив, па јас си ја изедов... сте дале ли ваква и од која возраст
Домат јас дадов една недела пред 8м. Од готова кашичка. Урми немам воведено,ќе ги воведам за брзо и планирам вака како дуника што ги спрема
После година е рибата. Јас искрено порано дадов. Не се сеќавам точно кога дали на 10+ или 11 ама супер прифати. Постојат повеќе табели и мислења за дохраната кај бебињата. Зависи и од детето што сака.