Еден оброк имаш само оброк е ако има житарка.Ако си качува со килажа до 190гр е оптимално.Но моето ако изеде до 150гр со житарка нејќе да цица и подолго.Со поголемите деца педијатарот ми викаше давај колку сака после 2 месеци од воведување на храна но оптимално е од 150 до 200гр или месечно да качува од 400 до 600гр кога ќе има 3 оброци.Колку е покрупно бебето поспоро е во моторика и затоа јас си мерам грамажа додека не прооди.После и така веќе нема седнување по цел ден ќе трча и ќе се качува па колку сака толку ќе јаде.
Оли како помина со жолчката? Воведе ли измеѓу нов вкус? Дека 3 недели се воведува. Нели 1/8, 1/4 ,1/2 па цела .
Не сум почнала уште со жолчка, чекам домашни да ми дадат Најверојатно ќе скратам малку, нема да воведувам толку долго.
Majki kazete mi kako postapuvate vo slucaj da nemate dovolno mleko a vekje probuvate vkusovi. 5,5 meseci ima malata.... Dali voveduvate adaprirano ili pobzo voveduvate obrok?
Здраво девојки, каков ориз и овесни свегулки користите за прво воведувањето? (ако може слика) Како ги подготвувате? Дали првин давате зеленчук, па овошје? Или наизменично? 4+ сме и се спремам за да почне да воведуваме... Ориз, морков, јаболко, компир, тиква, тиквица, сладок компир, круша, банана, слива - дали нешто пропуштам за почеток?
Атер за домашни јајца што најдов, сакам да ја воведам .Макар што 7 ипол мес сме. По бебе готвач од 9м треба да се почни. Па многу е тоа .
Јас од 5 ипол започнав со вкусови . По 3 дена давав сокче од јаболко(пола јаболко варев во вода, тоа сокче) , 1 лаж па 2до 3 , па колку сака ,така со круша, слива...потоа од истите овошја кашичка постепено .. 4 месеци многу малечко да не е бебенце..
Ќе почнам од 5, матичниот педијатар ми рече дека можам од 4 но и мене ми е многу мала. Други педијатри од 5 рекоа. Секако сега се спремаме собирам искуства.
Прерано е за ориз и овес, но сепак ти си знаеш. Инаку има на Хип и Холе. Јас започнав со зеленчук (морков), малку, колку да проба, па секој ден постепено зголемував лажички. Еден ден давам нешто што отвора, другиот нешто што затвора. Нов вкус воведувам со веќе воведен вкус.
Мајки од која риба прво давате? Дали може ослиќ бидејќи пастрамката има повеќе коскички па страв ми е?
Наздравје доручек 1/8 жолчка искомбинирав со авокадо и банана. Под стрес сум . За колку време би се добила алергична реакција, недај Боже. А и немам ништо дома од страна сируп
За ориз не е рано, баш напротив, тој е една од житарките кои се препорачуваат први да се воведат, барем мене матичен педијатар ми имаше пишано дека ориз како млечна каша може да се даде уште во 5ти месец. Сепак многу различни табели и препораки има и затоа сме збунети понекогаш
Спанаќ кога дававте, исто ли по 2-3 дена го воведувавте како и се' останато? Нели да не се користи повеќе од еднаш до два пати неделно, па затоа се замислив... и по колку гр.свеж спанаќ ставате во оброк?
Јас два дена го воведував. Во Мк свеж не се дава до година. Јас го ставам 5 мин пред да биде готов другиот зеленчук.
Пробај со чај за доилки и повеќе на града или молзење.И да воведете оброци пак треба млеко и дали ќе прифати ад млеко.Моето шише нејќе.