Мамички наскоро и ние ќе ви се придружиме па сакам да прашам : Вие што немате домашни овошја/зеленчуци од каде купувате нетретирани ? И како е подобро да се започне со домашно приготвени ,купени од негде или со купечките кашички ?
Кисело млеко по колку се става во каша? На пример во палента ако сакам да ставам, колку оди палента, а колку кисело млеко? Се става ли и нештo друго? Покрај во палента, со овошје, во која друга комбинација го давате? Денес првпат дадов 2-3 лажички без ништо, колку да видам дали ќе му се допадне. @Jana06 @babyboy1 @dunika @MinnieM @RAK91 @Andra @mal.ecka @elimkd Не ми текнува кого да тагирам уште
Како му даваш проја и палачинки? Му сецкаш парченца или цела палачинка/парче проја па он си гризе? @Осе јас купувам од https://instagram.com/beorg_mk?igshid=f59qtzmvnzhc
Толку Оли,две-три лажички.Не ни јаде повеќе.Од комбинации,и со зеленчук можеш,некогаш кога има тврда столица,како густа супа да му дојде ручекот со малку цврст јогурт.
@0ли 170 мл вода и 2 лаж палента. Потоа додавам 1-2 кисело млеко, понекогаш додавам и спанаќ. или ставам гриз, 1-2 лаж кисело млеко, малку банана, вишни, малини. Како овошен јогурт Така видов на нет Кисело млеко и леб Леле јас уште жолчка му давам. И тоа утре цела. Уште не сум му дала ни белка @Jana06
Просото е без глутен, јас од Биокосмос го земам. Овие овесни без глутен ги користам од ДМ, баш пред некој ден Кукла ги сликаше. На нив пишува дека се без.
Мали парченца му кршам и си јаде, некогаш и поголемо му давам ама го следам што прави и обавезно кине поголеми парчиња, па ги плука. @RAK91 Дај му цело јајце скрати си ги маките Ако е алергичен, ќе биде и сега и покасно. Се шалам, нормално твоја е одлуката.
За овошје најдобро е периодов купечки кашички, за зеленчук по маркетиве компирче, тиквица, морков, брокула, пашканат како први намирници од маркет купени можеш да приготвиш
@0ли Јас на околу 120-130 мл. вода една и пол лажица палента додавам и една и пол голема лажица кисело млеко, исто го комбинирам и со гриз количински колку палентата..На почеток мерев по 100мл вода една лажица палента, сега од око Други комбинации со кисело млеко.. Домашна тарана и кисело млеко, кус-кус со кисело млеко, лебче и кисело млеко.. Засега толку Во овие ставам по една голема лажица ЕДИТ:Сега од ко почнав со жолчка му рендам малку во палентата и к.млеко
@Jana06 каква моцарела купи, сите што ги прочитав имаа сол во нив.. Има некоја посебна или се одсолуваат овие со сол??
Моево обожава к.млеко па ставам околу 5-6лажички, го јаде и така. Комбинирам со палента, со гриз, со овес. Со киноа и брокула имам пробано. Со друго не сум комбинирала не знам како ќе е со овошје? Оди ли таа комбинација ?