Кисело млеко е најкорисно од сите млечни производи касно дознав.Јас ставав многу малку по 2 лажици и дури сега на 2 години почнаа да јадат.Со палента,просо ,и со секој зеленчук за ручек додека им пасирав ако мие густо или јогурт или к.млеко.Може и како ужинка само к.млеко колку сака толку.Моите лани калциум сируп им давав кога прекинавме со ад млеко а тешко одеше со млечни производи.Затоа к.млеко давај почесто и мешај со било што.Има еден народен совет ако бебето не ти јаде некоја каша,стави лажиче к.млеко и ќе ја јаде.Кај меме купечките зеленчукови така само ги јадеа.Сооднос зависи близнаците беа со ниска килажа и количината на житарка ми беше поголема од се друго,а со бебчево е крупно па обратно третина од оброк ми е житарка.
Па мислам со 0 сол ќе најдеме само во Италија Не е солена моцарелата, пишува на нив 0.3-0.6g сол на 100g зашто мора да биде во солило, не е свежа. Можеш да ја одсолиш ако сакаш ама еве јас давам четвртина што е многу ниска количина на сол, значи од прилика 0.08g. Имам купено и од Meggle и Zott ама мислам мегле имаше пониска вредност на сол.
Ако веќе е воведена жолчка, значи може и пржена да се дава така? И како спремате грашок? Го давате како цели зрна или пасирате?
@Jana06 видов дека се со ниска количина ама реков да не има некоја без сол Нема врска ќе земам после, а со што ја даваш и како? @lavinija28 малиов некои јадења ги јади само пасирани од почеток банана, просо, сега макарони и шпагети ги оставам со парченца, лебче така да си јади сам му кинам и му оставам пред него и си зема си јади, ама капите зеленчукпви уште ги блендирам мазно ми ги плука ако му дојди парченце месо,морковче
Како што гледав во групиве за blw грашокот претставува ризик од задушување. Мора да ги згмечиш топчињата
Можи и пржена откако ќе ја воведиш цела.. А како што кажа батерфлај, заради ризик од задушување ако ме блендирам барем изгмечи го да не е цело топче.. Да, секогаш гледам 1/3 да е житарка, ако е само овошје за 1 саат е гладен
Не ни знаев дека моцарелата има сол, баш мене ич не ми е солена кога ќе ја пробам. И затоа не сум ни читала дали има или нема сол, сум му давала. Само од зотт земам. @babyboy1 со палента јас давам, или евентуално мафини ако му правиш некои, ама тоа со мафините пратиш рецепти ти повеќе, откако јајце цело ќе воведеш полесно оди.
Аа јајце воведено му е цело, со ВАФЛИ, со тоа воведовме и НУТЕЛА и ШЛАГ.. Ако сакате набрзина да воведите нешто донесете дете кај мм,се што јади и бебка мора да проба па така фино му искинал парчиња и му макнувал шлаг и малиот си се накркал Незнаев дали да се смеам или да плачам.. Ме гледал мене дека така му макнувам лебче со јогурт па да пробал и тој дали ќе јадел ваква комбинација Отрпнав веќе и се откажав од зборување на празно
Јас ептен имам уплав да не му залетни нешто од храната и досега само блендирано давам (сепак треба да почнам со пасирано и нешто покрупно). Грашокот секогаш го блендирам.
Денес купив овес од Холле. Кога го донесов дома читам дека содржи глутен. Малиот е 7 месеци. Од кога може да се воведи глутен,а и дека досега не сум воведила овес (мислам дека читав дека има и без глутен) значи не можам да го давам овај на Холле?
Можеш,освен ако си одлучила за покасно воведување глутен.Јас од 6+ дадов. @lavinija28 од 8+ не пасирам речиси ич,но така ми налагаше малата,сака да џвака сама. Не форсирај,прати го самото бебе
Синчево мое не сака житарки за појадок, само овошје, некогаш успевам да подметнам ама тешко па затоа навечер му давам млечна каша со житарки.
За една недела ке полниме 6 месеци па ме интересира околу житарките. До сега имам дадено ориз на holle и гриз семолина на hipp. Дали сега од 6 може да воведам палента на дивела,пченка на hipp,просо на виталиа? И кои другги житарки може да се воведат сега од 6 ,а кои од 7 месеци, ако имате со слика да знам какви да земам?
Во шестиот се безглутенските како ориз, овес, пченка и просо. Од седмиот гледам дека повеќето мајки тука воведуваат глутен.
Ставам лажица или две одвечер да киснат и утредента варам со овошје какво сакаш ( мојот син со ништо не го сака ) а може и со плус лажица ориз, неколку китки брокула и жолчка( ова ми помина само).