Го мијам убаво, киснам од вечер, утредента го варам за доручек во вода. Соодносот е 1:3 (просо - вода). Во каша ставам една третина од вкупната количина (ако даваш 120 гр каша, просо 40 гр, а 80 гр овошје).
Имаш лупено или нелупено? Јас зедов лупено просо,од прилика 2 лажици,вода повеќе и го оставам да се вари до распаѓање бидеќи не блендирам.
Фала ви Го ставив во вода, утре сакам да пробам со јаболко или круша да и дадам. Лупено е. Ќе го блендирам јас за секој случај. Отприлика за колку време се вари?
Јас имам лупено просо од Биокосмос, го чистам (како оризот што го чистиме може да има некое зрно расипано, темно или што не е просо) убаво го мијам и го ставам на тивко да се вари, 30-40мин до распаѓање.
Леле, па јас скоро цело пакетче еве го потрошив, и цело време го киснев од вечер. Еве и сега баш во моментов. @0ли знам и ти го кисниш, твоето лупено е или?
Не се согласувам со тоа дека не се кисне, житарките треба да се киснат, а просо барем два часа. Лупено е и моето просо и го киснам бидејќи колку што знам мора. Не е киснењето за лушпата да излезе. Кога ќе накисне, пред варење пак го плакнам. Не би давала просо што не е киснето, а и се видам по упатството што е дадено на хрватската страница. Подолу ќе го ставам пак. Нелупеното просо е за папагали
По совет од др.и мајки од тука уште со првото,знам дека лупеното не се кисни. Можи моиве се папагалчина
Ееее, немој така, никаде не реков такво нешто, прочитај ме пак. Пишав дека нелупено е за папагали, тие навистина јадат такво и лом прават наоколу со лушпи, не јадеме луѓево такво. А не тие што јадат некиснето дека се папагалчиња На времето кога одев кај нутриционист, ми препорача пред варење да киснам житарки. Нешто поради фитинската киселина поради која не се апсорбираат важни минерали. Не ми текнува како беше објаснувањето најточно, но има друга причина зошто се киснат, нема врска лупено/нелупено. Само да не е на топло, во ладно да стои во водата.
Да кажам јас. Ко за прв пат супер испадна просото И јадеше убаво. Го правев со круша. Тоа од вчера што го киснев го ставив да се вари пола час. После блендирав заедно со крушата. Ептен убаво беше Фала девојки
Уживај Оли,не сум тип на човек што се лути,уште помалку што се р'чка на форум,ама после 3 по полноќ,со бебе што вади заби и вришти и ја буди поголемата,живци искинав па морав по форумов да се расчитам. Навистина мислев дека ради што е без лушпи не се кисни,и таков совет добив од многу мајки тука. Ете ова твоево со факти е,и држи вода.Можеби така е правилно. А зошто постои органско лупено просо,папагалите јадат органско? Се зезам Значи сепак да киснам а
Просо на виталија го киснам однос 1:2 денес за ручек со морков и пашканат,а убаво е и со морков,праз и тиква за ручек.
Никогаш дечињата не би ти ги нарекла папагали Не ни мислев дека се 'рчкаш, на форумов сфаќам како дискусија, размена на искуства, мислења, знаење, кој што прочитал или слушнал, што му препорачале и сл. Па не знам дали да киснеш, твој избор е секако, еве ги имаш и двете страни. Ако решиш да киснеш, барем два часа нека е.
Околу 150гр месо на неделно ниво,распореди го по желба.Јас давам 5х30 гр,можеш и во 3 дена по 50. Јајца до 2 неделно.