Воведување на цврста храна кај бебињата

Дискусија во 'Бебе' започната од ROSII, 29 ноември 2009.

  1. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.380
    Пол:
    Женски
    0ли, ти по колку часа го киснеш?
    Да знам отприлика колку часа, зошто некои викаат дека и многу часови не е убаво да се кисне.
     
  2. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.887
    Сигурно имате пишувано, но не ја следев темата, дали со полни 5 месеци да почнам да и давам да пробува вкусови за до 6 да воведеме оброк? До сега е на ексклузивно доење ни вода ни чај.
     
  3. Andra

    Andra Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2019
    Пораки:
    1.156
    Допаѓања:
    1.667
    Пол:
    Женски
    Јас почнав од 6+,качуваше килажа со доење ,ок крвна слика и затоа после 6м. Само два дена воведувам нова намирница еден ден чисто вториот ден со нешто воведено.
     
    На SkarletOHara и Izzy_0504 им се допаѓа ова.
  4. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со полни 5месеци, детето беше спремно и тоа беше правилна одлука, зашто почна многу малку да качува на килажа.
    Сега е 7ипол месеци и има ти оброци.
    Јаде отприлика по 120гр на оброк, некогаш и повеќе.
     
    На SkarletOHara и Andra им се допаѓа ова.
  5. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    @Jana06 ако не се лажам ти порачуваш од Beorg, задоволна ли си од производите?
    Имаат сертификат дека се навистина органски?
     
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.031
    Допаѓања:
    48.363
    Пол:
    Женски
    Тоа кажува педијатар
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Да, задоволна сум и по изгледот стварно ми личи дека се органски :D
    Далеку се од совршени како оние наредени во маркетите. Имаат сертификати, баш маж ми ги прашувал околу тоа зашто првиот пат го пратив да оди таму ама не го прашав подетално што како.
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.319
    Допаѓања:
    16.515
    Секое дете е различно. Се зема во предвид напредувањето и потребите на детето. Дали да се почне со пет или шест месеци треба да одлучи педијатар. А после тоа ќе си го следиш детето. Самите негови потреби ќе ти одредуваат кога и колку оброци да внесеш.
     
    На SkarletOHara му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Многу ти благодарам, бидејќи вршат достава и низ мк сакам да порачам па реков да прашам тука, прво на тебе се сетив :):*
    Не ни треба да се совршени на изглед, нека се само природни, бар бебка да јаде здраво :)
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.799
    Пол:
    Женски
    Така е, и од пиљара или пазар кога купувам ги бирам оние со црви или удрени :lol:
     
    На Thallia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Најчесто ова време го ставам кога ќе станам за да го нахранам и стои на ладно до сабајле. Но мислам дека и 2 часа се доволно.
     
    На eta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Ќе може ли да ми пратите табела со што се почнува и доколку имате рецепти за почеток? Нас уште ни е рано, ама полека се спремаме. Исто така, ме интересира, пр. кога воведувам одредена намирница, дали давам дента две-три лажички и толку, па ако нема реакција, утредента продолжувам исто, но со друга намирница или неколку дена по две-три лажички од една иста намирница?
    Колку што ве читав, повеќето педијатри препорачуваат да се почне на 4 месеци со пробување на вкусови, од што зависи тоа? Дали бебето е на мајчино или ад и колкава килажа е или нема врска тоа? Благодарам мајки.
     
  13. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.503
    Зависи со што сакаш да почнеш ова педијатар треба д аго прашаш најубаво.

    Јас почнав со зеленчук батат,морков,,брокула,карфиол,ориз(на хип),тиквица, давам два дена иста намирница и му давам да проба и од готова каша и јас тоа што сум варела.Некои педијатри почнуваат до јаболко,круша,слива,банана,кајсија. Види во аптека што имаат од каши за 4+ и води се според нив освен нормално имаат и 4+ со месо али тие не покасно ќе ги даваш. Јас давам и сок од јаболко,јаболко со морков исто на хип ама ги мешам со вода не ги давам чисти.Давам колку што сака бебе и после саат време најмалце да помине па млеко давам.
    Пробувањето на вкусови зависи од тоа бебе како напредува ако му е малце 1000мл на ден време е за со вкусови да се почне.

    Јас почнав со зеленчук искрено па и не се гади особено морковот ептен го сака:D
     
    На ..barbie.. и Snowflake92 им се допаѓа ова.
  14. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас да прашам околу жолчкава, на пример по два дена во неделата давам 1/8, 1/4, па 1/2 па цела. Убаво е да има растојание помеѓу двава дена или ден за ден? И дали нови намирници воведувавте во другите денови кога не давате жолчка, или цел месец додека се воведува жолчкава нема нови?
     
  15. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Колку време после изеден оброк (120-140гр) им нудите да цицаат? Обично по еден час цица, затоа што ВООПШТО не пие вода, па претпоставувам е и жеден, ама велам многу да не му доаѓа така, па да му биде тешко потоа...
     
  16. Thallia

    Thallia Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2013
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    18.795
    Кога сака, некогаш веднаш после оброк, некогаш по час- два, зависи кога ќе покаже дека сака. Седум месеци е бебка, подој не сум скратила, се уште сме со еден оброк од околу 100тина грама, вода и мојава не пие, од шише и клунче не знае, за чаша се тепа ама се прави жива вода и повеќе е изводенета од напиена :)
     
    На 0ли и WonderGuurl им се допаѓа ова.
  17. 0ли

    0ли Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 август 2016
    Пораки:
    11.618
    Допаѓања:
    35.539
    Пол:
    Женски
    Баш за ова прашував поназад во темава, ѕирни, доста одговори добив.
    Инаку, денес првпат му дадов жолчка 1/8, па ќе правам пауза. Во понеделник и во четврток планирам да давам, не ден за ден.
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WonderGuurl

    WonderGuurl Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2019
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    2.298
    Пол:
    Женски
    Вода никакоо, со лажиче му давам, ја држи и собира во уста и потоа брмчи и тушира:tmi:
    Епа јас можеби еден подој имам скратено дека два оброци добива веќе. Ама кога и да дадам да цица, не одбива :rofl: затоа мислев да не го прејадувам
    А како мислиш покажува дека и се цица?:$ кога ќе закенка или...
     
    На MinnieM и mal.ecka им се допаѓа ова.
  19. Butterfly1107

    Butterfly1107 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2018
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Јас давав понеделник и среда
     
    На lavinija28 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lavinija28

    lavinija28 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    1.683
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    За водава да ви споделам искуство, и порано еднаш пишав. И мојов беше на ексклузивно се до воведување вкусови. На почеток повеќе цицаше и не форсирав многу вода. Од шише не знаеше (си играше со цуцлата или се задавуваше) па давав и со лажиче. Сега веќе некако помалку како да цица, вода не сака да пие онака чиста и му варам јаболко (некогаш плус со круша или слива) и така луѓе 150мл ги пие одеднаш. Пробував пак со вода, туку кашла нешто се задавува а вака благичко нема гајле. Сега почнав да му го разредувам сокчето со повеќе вода за да не му е баш благо цело време и пак си пие без проблем :) Се научи дечкото и од шише полека полека.
     
    На MinnieM, Brpbrp, WonderGuurl и 2 други им се допаѓа ова.