Овесни снегулки има без глутен во ДМ, слика ставив врати се страна-две назад. Киноа јас уште не давам, после 10 месеци ми рече педијатарот. Просо, палента, ориз за почеток, па овесни без глутен. Просо и палента има и органски од Биокосмос. Сокови и јас мислам да не даваш.
Фала ти најмногу Ќе прашам педијатар обавезно, а иналу пие 3 пати од 150мл -170мл ад (кога-како) и цица 4-5 пати во текот на денот.
Јас живеам во Грција. Некни бев на педијатар и бидејќи малата не јаде многу, ми рече да воведам јаткасти плодови, убаво сомелени скроз како во прав да бидат, имаат омега 3-6 многу, пошто не ми јаде она риба, месо воопшто, тоа да вклучам ми рече и путер од кикиритки, бадеми, лешници исто така да и давам да лиже, да мачкам на нешто и да го шмука или и да додавам во овошје или зеленчук. Свеж сок од зеленчук ми рече да правам е многу убаво да и давам или да пие или со лажиче, колку толку јаде. 10 месеци е мојата.
Јас со банана, круша, тиква варена прво па блендирана со авокадото, еве денес тоа и давав, тиква и авокадо. Многу е богато со витамини авокадото, секој ден ако можеш ставај го во менито, премногу е добро за нас, а камоли па за малите наши кои се тек во развој, има омега 3 и 6, растителни влакна и едно 15 други витамини
И јас сакам да почнам со масти, воведов јајце, авокадо, планирам риба и затоа прашав за јаткастите. Веројатно се одложува заради алергии, да не има друга причина? Риба дали можам да воведам од 9 месеци и каква е најдобро за почеток? Пастрмка на пример, некој друг предлог?
Да, да, воведи риба. Јас некни бакалар супа правев за нас и неа исто и го изблендирав нејзиното ама не и се допадба ич ич, се давеше дури од што не и се допадна. Кај не јаде ништо па и маани наоѓа крофна некоја. А толку беше вкусна ама ајде. Друга риба можеш секоја што нема многу коски. Ние тука имаме многу врсти риби и свежи дури можам во секое време да земам, многу пати маж ми (оти таква му е работата, diver е) ми донаса големи риби, ципура, лавраки, фатил успат и ми вика носам риба ја исчистив, ќе ја спремаш ама не сум и давала, страв ми е од коските....
А зошто од 3 месеци сокче да даваш? Премногу е рано, не би ти препорачала сокче на толку мало бебче.....до 5 и пол барем почекај и после давај
Тука препорачуваат морска риба над година, а до година само слатководна. Ќе му дадам од 9 месеци пастрмка, па ќе видиме за понатака. Фала @Snowflake97 Препораките се да не се даваат сокови пред година. Ги губат влакната, немаат некоја нутритивна вредност, го качуваат нагло шеќерот во крвта итн. Може да качи на тежина, да му се расипат запчињата (затоа се пие само од чаша), а плус на 3 месеци не се препорачува ништо освен млеко. Пред 17 недели стварно нема потреба од ништо такво. Еве ти линк.
Од хрватската група на фб. Докторката вели дека мајчиното млеко не му смета на железото да се апсорбира. Интересно, ова не го знаев
Ретко некој доктор да ти препорача сокче па и од 3+ . Ги губи сите вредности овошјето кога го цедиш и прецедуваш. Пред некое време бев кај др.Александар Сајковски и во врска со исхраната ми рече можеш веќе се да му даваш(моето е 11м) само белка и сокови немој освен смути.