@Jana06 од 8 месеци давам путери од јаткасти.Ептен се здрави и го збогатуваат оброкот со протеини и масти.
Од бадем и од лешник,кикирики не би пред 12 мес. Не ги воведував класично,само внимавав да е избалансиран оброкот.На пример не мешам со авокадо,со друго масло или млечен путер.
Здраво мамички Мојата малецка принцеза денеска полни 5 месеци и веќе 6 дена како почнав да и давам вкусови. Почнав со зеленчук дома ги приготвувам. Сега ме интересира дали може замрзната кашичка кога ќе се одмрзне пола да се даде денеска пола во фрижидер за утре? И после колку дена почнавте да давате цел оброк бидејки мојата многу сака да јаде .
Шеќерот од сокчињата се задржува во устата и на непцата и се извор на бактерии а и не е препорачано кога треба да никнуваат заби.Ова важи за овошни сокови и суво овошје(најмногу шеќер имаат).Ако е сокот домашен без додаток на шеќер може ама пак не се препорачува во првата година ќе го засити и нема да ги јаде оброците.Затоа компоти и домашни сокови во лето може ако не пие вода доволно детето.
Педијатар ме советуваше домашно приготвени каши од ден за ден и многу приготвено да не стои, барем првата година.
Моето откако проба неколку вкусови и почна да сака да јаде му правам една мала тегличка и колку сака му давам не го форсирам ама не му ни скратувам . За замрзнување не сум замрзнувала секогаш го правам и право му давам да јаде. Но знам дека некои може да се замрзнуваат во бебе готвач книгага си пишува која смее која не смее да се замрзнува. А кога ќе одмрзнеш мислам дека најдобро е веднап што изеде изеде другото или некој возрасен или да се фрли. Купечките се чувАат и до три дена но домашни не би.
Во житни каши,одлично се вклопува.Утрово ѝ правев овесна каша со лажиче путер од бадем,и малку цимет.Супер е за енергија и делува затоплувачки,таман за зима и настинки.Бадемот дава сладникав вкус,лесно го прифаќаат бебињата. За од 9/10 месеци исто може како намаз со палачинки,вафли и мафини прилагодени за бебе.
@dunika овие од биокосмос ѓможи да се користат? http://www.biocosmos.mk/index.php?route=product/search&search=Путер
Да,што пишува butter се чисти,смееш.Имаат и 0,5 гр хималајска сол,но е речиси немерлива количина што ке ја внесе бебе.
@Jana06 е добро ко така.. И јас повеќе го печев.. Тро суво и тврдо излезе... Следниот пат поарно ке е.
Тогаш следен пат стави повеќе тиквица, кисело млеко и овесни, а помалку брашно. И печи додека добие убава боја.