Јас сега во 7 месец воведов вишни , замрзнати домашни . А малини боровинки од 11 месец според бебе готвач .
Во некои профили за бебешка исхрана што ги следам многу често има од овие овошја како додаток на житни каши, и тоа во комбинации за 6+ затоа прашав. А за боровинките читав дека не биле особено алергени (не се од групата на овошја како јагодите кои нели се 12+).
Вишни вчера првпат дадов (домашни пастеризирани), 8+++ е. Планирам боровница следно овошје да воведам, но претходно други работи што ми се попотребни, па најверојатно таму накај 9 месеци ќе фати.
Боровинки 6+,преку шмукалче на Холе,малини ми се чини околу 7,исто преку купечка бидејки ке обработени и био,вишна немам дадено.Цреша сега на 9 воведов.
Здраво мамички после колку време воведовте цел оброк и колку грама е тоа од прилика? И после колку време воведовте втор оброк?
Почнав со вкусови на 5 и пол само по некоја лажичка, цел оброк 120 гр доручек воведов на 6 месеци (прво 50 гр, па постепено зголемував до 120), ручек на 7 и вечера на 8 и пол.
Mislam deka mozes plasticni ili silikonski samo da ne se metalni da ne mu se povredat zlebinkite na bebeto
Боровинка на 6м преку шмукалче на холе, вишна на 7м купив замрзната и му дадов 3 дена колку да проба. Малина, капина и јагода ќе дадам на 8м
Сите деца се различни некој јадат од старт на некој им треба време, никогаш не сум се водела по грамажа. Денес може да изеде 120г утре 50г и тоа е ок Прати си го детето само ке ти каже.
А зошто ако е алерген да не се воведе порано? Може не е алергичен, па ќе си јаде. Јас денеска баш му дадов малина од шмукалче. Малку не разбирам во врска со алергените ама логично ми е и пред и после година да покаже евентуална алергија.
Не се чувствувам доволно едуцирана да одговорам зошто алергените се воведуваат после година. Консултирај се со педијатар.
Знам дека не е исто ама пак за алергија се работи... Брат ми на 10 години покажа алергија на убод од пчела. Никој не можеше да се сети дали порано го каснала или не... И јас мислам нема врска + во некои земји прво се даваат најголемите алергени за да знаат (разговор со кумата она кажа спомна и каде ама заборавив)
И јас сум читала дека првин ги даваат алергените,ама само сум читала.Кај нас не е така.Затоа следам препораки од педијатар.