Па кога ќе видиме и чајот од камилица е една недела по раѓање а е доста голем алерген. Сите педијатри различно кажуваат некој ќе каже на 4+ кајсија не на 6+ ќе воведеш или крфиол и брокула сите различно и се согласувам со Јана ако би појавило детето алергија било кога ќе појави, а може и да се изгуби покасно.
Да да само дискутираме ,инаку и јас (ќе) си слушам педијатар. Затоа и уште не сум почнала ништо 5++ сме. Инаку од 3+ требаше да дадам сок а мед од раѓање(по бабски) . Сепак таму доктори им кажувале така.
Да, така препорачуваат педијатрите тука, алергените покасно да се воведат само не ми е јасно зошто затоа те прашав.
Ќутите, има родители што се водат по книги од пред 30 години, што за доктори од овде и Германија кажуваат дека ништо не знаеле. На дете од 3м даваат сокчиња и кравјо млеко,адаптираното било само прашок, не било млеко тоа. Да се запрепастеш, млади луѓе без малце едукација за сопственото дете
Овде гледам на кашичките со јагода пишува од 4 месеци. Јас дадов на пет кашичка јагода, банана и јаболко и немаше никаква реакција.
Јас нив,тие мене И јас до 6 ништо не дадов. Лоша мајка,ни лимон,ни медЧе,или чајЧе барем или водичка Или брашно потпечено
За кој к*р па брашно ? Сакам да почнам веќе бидејќи ептен не гледа кога јадеме џвака и таа бара се почесто да цица ,се си мислам не и стигнува зтоа сите се чудат демек сосила неухранета ја оставам ,ама се си одложувам чекај уште ова чекај уште она хахаха ,а се ми е спремно од лажичка , тенџере ,тањирче ама сега чекам утре рота и преглед на матичен педијатар. А вода и дадов вчера ,јас пиев и почна да се тегне по чашата ,а имав бебешка дома и и ставив во шише ,ем што не знае како се пие од шише ем сака ,жива вода се направи. Испи негде 20 мл.
И мене ме критикуваат дека гледам грамажа колку давам на се ама нејќам дебели децата да ми бидат и тромави и да ги носам на плус прегледи,има многу млади и тоа што мислат дека дебели деца се здрави деца.А моиве и си јадат близнаците ми се 2 год и се 17кг.
@dunika те прочитав дека даваш на малата урми. На фб во групата Здрава храна, здрави деца пишала една ид админките дека сувото овошје (суви, смокви, кајсии, урми) биле полни со шеќери па затоа требало да се даваат после 2 годинки. По апликацијата Бебе готвач урми, смокви.. е од 12месеци. Па сакав да те прашам како ги спремаш урмите, смоквите - дали ги потопуваш претходно во вода!? Јас искрено не знам што и како да давам. Педијатарот ми вика води се по Бебе готвач, сега кога бевме на контрола го прашав за ореви, лешници ми рече да почекам, а според Бебе готвач се 12 +. Малото ми е 13 +. И ако може да ми пишете како го воведовте какаото и кога? Преку мафини или не знам како да го воведам? И дали давате сутлијаш? Како го спремате? Скроз без шеќер?
Во врска со алергените. Обично една годинка се зема како гранична возраст, со која најголемиот дел бебиња ги "надраснуваат" интолеранциите на храна (меѓу кои и на кравјо млеко, пилешки протеин и сл.) Сепак има некои на кои им треба повеќе време, на некои пак им останува алергијата на одреден продукт. Затоа нели се препорачува белка над година, имунитетот е посилен и може да се справи со тој протеин. Ние не знаеме дали можеби ќе изреагира нашето бебе на нешто па затоа полека воведуваме (не дај Боже, може страшни реакции да се јават и од мали количини) Како и да е, доколку во фамилија има историја на алергии, или бебе има дерматит (што најчесто е кожна реакција на некоја храна) мислам дека нема играчка и треба сосема внимателно и полека да се даваат нови работи да пробува. Доколку се утврди реакција на нешто се препорачува прекинување на таа намирница, а неретко следната провокација се прави под лекарски надзор (до толку е сериозно) и никако дома.
@flower30 Цветче свежа урма имам дадено,онаа полна што е со “месо” Во зовриена вода ја ставам пресечена на пола,да и излезе лушпата,ја тргам,па во истата вода додавам лажица-две гриз и мешам дур не се направи кремаста.Многу е вкусно.Со бадем(путер или мелен) е топ комбинација.На 13+ ако јас би давала се,секако прилагодено за бебе,без шеќер и силни/вештачки зачини. Суво овошје одбегнувам ради шеќерите,за забите ми е страв,а и купувам смрзнато чистено овошје,такво ми е најпрактично кога не е сезона.Овде кај мене има се,но не би купила праска или јагода во Јануар,со месеци стоена во ладилници и камиони. Јаткасти ако немате алергии семејно,не се плаши да дадеш. Сутлијаш свари му со пола/пола вода и млеко,со цимет или компот од сливи свежо направен е одлична ужина/вечера.
Вака нешто и мислев. Да му давам да пробува и доколку се појави алергија да ја паузирам таа намирница до година. Во фамилија немаме алергии освен сестра ми на животински влакна и домашна прашина Душа ни е.
Јас може глупо прашање ќе поставам ама дали може слика за таа свежа урма? Дали се тие како пресувани што се?
Јас може глупо прашање ќе поставам ама дали може слика за таа свежа урма? Дали се тие како пресувани што се? Еве подолу слика од нет најдов