Знам дека е алерген, но ги пишува месеците, на пример како на сликата 'од петтиот месец'. Не ми е јасно која е разликата во текстурата на кашите за 4 месеци и една година. Мене ми изгледаат исти. Па и различни каши за иста возраст имаат различна текстура во зависност од тоа што се направени.
Ова со бројките на кашиве мислам дека означуваат од кој месец може да се даде не за конзистенција. Сепак се водат по светски стандарди а нне ккао кај нас, па затоа може ни е чудно зошто од 4+или 5 небитно има каши со јагоди, со месо и слично.
Моцарела од кога воведовме и со што ја комбинирате? Купив од кам па се мислам кога да дадам за една недела правиме 8 месеци
И јас имав дилеми за оваа каша, ама @dunika ми кажа дека им пишала и добила одговор дека јагодите се варени и дека алергените што ги содржат се уништени па може безбедно да се дава на таа возраст. Јас ја дадов прв пат денес на 7+ во комбинација со палента, сепак само една третина од кашата ради претпазливост.
Па чудно е зошто хип имаат 4+ шпагети болоњезе кашичка јас си се водам по тоа се што е 4+ му давам да проба што може да најдам свежо да му го направам јас му давам што нема од кашичка сигурно некој прави идпитувања што може од тој месец а што не може
Има на бебе готвач рецепта леќа,лук,кромид, домат и компир се варев и пасирав.Така може до година иполПосле манџа само црвената леќа ми ја јадат и тоа на кам
Мајки од кога може да се даде на беба домашен хумус? Јас правам за нас, па се мислам дали од истата рецепта може и на него секако без сол и бибер? Ставам таан нели па ради тоа се мислам?
Сусам е 12+, не знам колкаво ти е бебето ама штом не даваш сол претпоставувам рано е за таан. Наут давај му и јас сега планирам на 9 да почнам.
Имам ноќна каша 4+ со млеко и јаболко. Е сега бебе ми е на ад и не планирам да ја дадам таа каша сеуште пробуваме вкусови, ме интересира дали понатака ќе биде проблем ако користи ад на ддруга фирма и јаде ваква каша од друга фирма? Не сум баш многу упатена па ако знае некоја да ме просветли
11++ е, ќе почекам уште две недели хаха, а во меѓувреме без таан. Да, може вака да пробам, не се сетив Фала
Јас немам видено каша за 12+. Хип има 8+ каша и таа е со ситни парчиња. 4+ е целосно мазна и потечна, а 6+ е малку погуста и не толку мазна. На една година би требало да јаде чорби со парчиња, не каши. Многу длабоко навлегуваш, секако дека може. Не треба да мешаш ад додека е бебе, ама во кашата колку мл млеко може да има?
Имам вакви 4 каши од пакетчиеата на Хипп, за една недела полниме 8 месеци, сте давале ли? Пошто има домата ми е страв