Денес бев на педијатар ,може да почнеме со вкусови ми рече ,значи прво од се по две -три лажички. Најинтересно ми беше што ,тука и на ФБ гледам доста педијатри кажуваат прво со јаболко а мојата прво со батат ми рече,па компир ,па морков ,па тиква и тиквица и тек после со јаболко,банана итн. Исто кажа дека може по капка маслиново масло внатре да ставам.
Е ајде де. Знам и за маслата имам читано дека покасно се даваат ама таа вака ми рече и ја прашав и вика ,прво многу нормално е дека нема да сака да јаде ако не ставиш ништо ,друго за цревцата е убаво како подмачкување доаѓа за да нема запек
Масло не ви треба за пробување вкусови,и онака ке јаде две-три лажички,чисто да свати дека постои и нешто друго освен цице/шише,не е за нутриција. За еден месец од прилика кога ке јаде над 100гр,се става по едно лажиче масло за подобра апсорбција на витамините. @Chuchanov јас на 6+ давав таква,многу е вкусна.Има и една мисиркино со пченка,со таа воведов мисиркино и ептен ја бендиса,па одтогаш ја спремам истата комбинација.
сакам да воведам ручек, но еве 3 дена се обидувам,повеке од 6лажички не сака. Доручекот го јаде цел. Можам ли за доручек да дадам зеленчук а за ручек овошје( пошто поише го јаде) па може ке се излаже да касне? или пак рано му е за ручек? 6 ипол месеци е бебе.
И јас почнав така искрено бататот така и така не му е по кејф али морков и карфиол омилени му се и ориз исто по ново почнуваат со зеленчук као ти кажала дека може значи може да ставаш твое е дали ќе и веруваш . Али дефинитивно сокот од варена слива помага за какање колку му олесни цел ден е насмеан и без тегоби
Вчера ја дадов таа каша со мисирка, за чудо многу малку остави. Тоа што и направив за ручек не го сакаше па со мисирка и дадов. Утре ќе и ја дадам кашата
Има каши за 12+, тоа дали треба да се јадат или не е друга тема. Кашата од круша на пример за 6+ е многу потечна и помазнаа од онаа со компир, морков и месо исто за 6+. Конзистенцијата зависи од состојките и квалитетот на самата каша. Вчера дадов првпат од готова каша на Хипп со јаболко, банана и житарка. Мал беше процентот на ананас.
https://shop.hipp.de/beikost/produkte/menues.html?filter_age=274 Еве ги, повеќето се како каши, некои можеби имаат како парчиња.