Ако имате проблем со запек, давајте авокадо. Јас мислев после 10 месеци да давам ама ајде го дадов порано. Завчера какаше 6 пати, вчера 5 пати. Тој секако брз метаболизам има ама ова беше буквално полнење пелени. Е сега, проблем направивме со црвено газе зашто изгледа во сред ноќ се искакал и до сабајле така спиел и денеска дури и крв малку на газето имаше. Умрев од нервоза ама тоа е, го мијам и шлапам слоеви крема.
Фризидерм во зегин имаат крема за црвено газе кај моите само со таа им поминува,раничката покриј ја со стерилна газа за да не се направи поголема или да се инфицира Црвено газе може да е и од паднат имунитет,настинка и од сирупи антибиотик ,а може и реакција од храна, и од топло(Доле е многу слојно нели пелена,боди и акои подебели пантолончиња )одма се црвенуваат.
Како го комбинираш авокадото? И ние мака имаме со запек,едвај еднаш кака во денот и тоа тврдо. Можеби ке ни помогне и на нас
Како да јадеме млечни производи? Освен јогурт со смоки друго ништо не јаде и една лажичка да ставам ја сеќава к одма плука а 11+ сме
Јас пак зедов и го чувам дома убаво да омекне, мислев од утре да дадам. Ние за два дена полниме седум месеци, корегирана возраст шест месеци.
Меѓу првите намирници е авокадото ама јас добив совет да ги воведувам типичните за нашето поднебје, а овие да ги оставам за покасно. Можеш слободно да дадеш ако сакаш само ставај по малку зашто стварно е бомба
И јас на почеток дадов и многу му се допадна, цело авокадо со просечна големина и третина банана, дури и го прекинав при крајот, некако ми се стори дека многу изеде, ми беше страв да не му се слоши. Манго имам задолжително во фрижидер, омилено ми е, од кога се дава? Читам поделени мислења...
@mal.ecka за ден два, зависи колку тврдо е купено. Го ставам меѓу јаболки и така побрзо зрее. @MissBreezy на 7+ дадов манго