Јас сливи и кајсии давам од сушените, ги варам и блендирам. Ги мешам и со друго овошје, кајсии и просо според бебе готвач е добро за хемоглобинот.
Не се мисли на природни шеќери кои се содржат во сливата? Така стои и на декларацијата. Без додадени шеќери.
@dunika , дава знаци сега, се подава кон чинивчето да го граба, по лажичето, ама дека не сум "спремна", го тргам и му давам јас. Треба да видам како се сечкаат и малку да се опуштам. Некако не сум навикната храната што досега ја гмечам, така одвоена да му ја давам. А со лажичето што да правам? Да му го полнам и да му го подавам? Фала ти мнооогу! @Kallias2 , добро е, штом почнала да јаде ќе биде и повеќе. Мојов се разјаде убаво пу пу пу , освен кога му расте запче.
Од Биокосмос. На 1 лажица палента - 100 мл вода. Во студена вода ставаш палента и на рингла да зоврие. Кога ќе зоврие, намалуваш рингла и малку ја вариш. И потоа тргаш на страна, малку течна, ќе се здрви кога ќе подолади и ќе ја упие водата. Цело време се меша додека се вари.
Жолчка како воведувате колку дена давате 1/8, па 1/4 и половина. И цвекло од колку воведовте и со што го комбинирате.
Јас почнав така што пред да ставам во готвач на пареа пола сецкам на ситни коцки, пола сечам како ленти. Кога е готово лентите (дебели и долги како прст) му ги ставам на хранилица да си јаде сам, а другиот дел го правам каша (некогаш ситни парчиња оставам, некогаш на кратко блендам). Најпрво ја земаше само брокулата. Ја јадеше за минутка. Морковот и тиквицата не ги чепкаше. И напоредно јаде он со рака, а јас му пикам во уста. Денес сам јадеше и брокула, и морковот и компирот. Плус јас му давам. Со лажичка сам уште не зошто нема координација уста-рака и одма ја фрла на земја. И за прв пат за десерт ја зема половинка од банана и ја изеде.
Да прашам за киселово млеко, негде читав треба со највисока масленост. Дали го разредувате со вода, на пример битолско?
Уште еднаш да прашам, јас до сега ставав 1/4 мала лажичка. Дали треба повеќе? Дали откако ќе го отворите киселото млеко го јадете вие или може еден ден во фрижидер па следниот пак да дадам? И по колку кисело млеко давате по оброк и неделно?
Девојки, зошто безглутенски гриз? Сакам да почнам да му ставам во кашичките и читам безглутенски. Дали има реално зошто или сами си правиме некогаш проблем за понатака
Јас ставам околу 3/4 капки маслиново, не знам колку е доволно. Турам така од око...Кисело млеко од утре ќе воведувам и баш ме интересира и мене колку често и која количина.