Во бебе готвач пишува кефир не повеќе од 2 лажици на ден, па мислам дека и за кисело млеко истото важи. Две рамни лажици максимум сум дала. @mar3q Просо варам 1:3 додека не испари водата. Претходно се кисне. Со млеко не сум правела, само со вода.
@mar3q Просо варам 1:3 додека не испари водата. Претходно се кисне. Со млеко не сум правела, само со вода.[/QUOTE] А од кога се свари не го мешаш со ништо? Со вода да и го дадам да го проба?
Можеш и со овошје и со зеленчук Јас најчесто ја давам за ручек со месо и уште нешто му варам дали карфиол, морков, цвекло, пашканат, брокула.. @mar023 само просо со вода не сум давала за прв пат туку со нешто што е предходно воведено било овошје или зеленчук
Може на пример да го мешаш со овошје кое го имаш воведено. Ако е многу густо, разреди со вода до саканата густина.
@elimkd Педијатарот ми рече 3 часа пред спиење да почнам да давам по 3 лажички житарки да пробува и за 1 месец да и воведам вечера. Ми има потцртано просо, палента, ориз, снегулки. И сега не знам како да и ги давам. Совет некој?
Не се препорачува да се воведуваат нови намирници навечер. Поради можни алергиски реакции, треба наутро да даваш да пробува. Прво дај и' неколку намирници, воведи ги прво, па после давај ги навечер и зголемувај количина.
Сакам да воведам жолча , за некој ден 8 месеци, ај просветлете ме како некако многу долг процес ми се чини ,како најбргу може да се воведе?
Ставив некаде поназад план за воведување во две недели, на срч пробај да ја најдеш сликата, скриншот е. Јас па тргнав по подолгиот пат
Киви, мандарини, портокали и лимони од кога воведовте? Белка дали воведовте откако наполни една година или пред годината? Имам слушнато дека треба пред да се прими мрп вакцината треба да се воведе белка ама дали е точно не знам
Точно е. Има Дечињаалергични на јајце кои не ја примаат. Се разбира со извештај од специјалист од имунологија се оправдува тоа.
Цело јајце по година, а пред година давав кифли со јајца. Ама не е исто неколку јајца на 1 брашно, па колку има во 1 кифла, и едно јајце цело да изеде бебе само. Цитрусни околу 11 м.
Во зеленчукови каши, најдобро со портокалови зеленчуци или кои содржат ц витамин. Со тиква и ориз на пример.