Спанаќ давам нешто слично како за нас. Може со ориз, со компир, со батат, тиква... Некои и со овошје даваат, гледам и кашички купечки има со таа комбинација.
Кое сирупче? Јас ништо немам за алергија, за недај боже Не ми текнало да земам. Да прашам на бебиња што имаат тврда столица што им давате? Дали може ленено семе? Денес се изнамачи малечката. Какаше тврди зрнца. Се изнаплака
Аериус или Авил .Тврда столица слива,крушка,брокула и пробиотик може и два пати во ден и помалку житарки ставај.Ленено немам ставано и потечна храната да ја правиш.Пример кога вариш зеленчук со таа вода пасирај.Избегнувај компир,морков.Може и масажа на стомачето од препони па нагоре ги опушта и помага со масло или хидратна крема.Чајче со анасон она што е и за против грчеви.
Јас табели многу не пратам ама од што имам читано за секој посебно од 10 месеци би почнала со дуња (ако е сезонска ) малина а ананас од 11м.
Не кај нас али се случи од кај други луѓе што ни дадоа овошје и мирисаше. Претпоставувам од што стои заедно со другите работи пр месо нешто или друго нешто отворено и фрижидерот е замирисан. Може сака чистење не дека е штетно но ете овошјето си прими мирис.
@Lisandra само три фиоки имам во фрижидерот и скоро се е за бебето замрзнато... Вака чист е.. Не знам стварно
Според табелата што ми ја дадоа во Ремедика, дуња на 9 месеци пишува, јас на 8 дадов. Другите не сум ги вовела.
Воведов авокадо после 6ти месец ама некако слабо му се допаѓа. Имате некоја идеја како да го комбинирам а да не се осеќа многу вкусот на авокадо? Благодарам