Ме интересира како ги распределувате оброците на вашите 6 или 7м бебенца? Во смисла во колку часот доручек, ручек како правите со млекцето кој период од денот го давате дали меѓу оброци?
Мајки ќе ве молам за помош.. Како се приготвуваат киноа и амарант? Дали се киснат одвечер во вода? Исто и за просото ме интересира дали го киснете одвечер
сакам да воведам просо. Прашањето ми е,дали првиот ден да дадам чисто 3-4лажички или може да помешам со банана на пр,да дадам 3-4 лажички а остатокот од бананата да го додафам без просо... па нареден ден со др овошје 5-6 лажички, па трет ден колку сака
Дали тиква да варам или печам? Сега почнуваме со дохрана, до сега дадов готова кашичка тиква, ама имам дома и сакам да ја спремам, ама незнам варена тиква оди? Или да печам?
Пробај и така и така и види која повеќе ќе ја скаа па така ќе му даваш.И секогаш давај прво свежо па после со кашички.Мојов не ги сака кашичките само ги плука
Како прво свежо? Можеби плука бидејќи сака млеко, не кашички @enaena Може и така и така. Досега само варена сум давала, за мало парченце не ми се пушта рерна.
Не живо варено домашно не готова каша. Јас што му ги правам си ги јаде без проблем али купечките воопшто не ги сака
Мислам дека овие само во Америка ги има, но знам дека тука има мамички од секаде, па нека стои ова тука. Се згрозив. https://www.dailymail.co.uk/news/ar...als-baby-food-brands.html?ito=social-facebook